Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

Алиу: Програмата Дигитална Европа ќе ги приближи дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација

3 јул. 2023 г.·2 мин читање·745 прегледи

Следете не на Viber

На денешниот брифинг со новинарите, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу информираше за тековните активности на МИОА, во насока на професионализација на администрацијата, интензивно спроведување на реформите согласно европските стандарди и дигитализацијата како врвен приоритет, во служба на граѓаните.

Посебен акцент на средбата беше ставен на исклучителниот настан во Брисел минатата недела, кога министерот Алиу го потпиша договорот со ЕУ за програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ .

Министерот истакна дека во Брисел е постигнат договор со кој четири земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, ќе се приклучат на програмата за Дигитална Европа, што отвора одлични можности за граѓаните, јавните институции или различни организации да учествуваат во проекти, при што планираниот вкупен буџет изнесува 7,5 милијарди евра.

,,Развојот на проекти од областа на вештачката интелигенција, дигиталната обука, создавањето соодветни услови и широката употреба на дигиталната технологија ќе ја доближат Северна Македонија до Европа. Дигиталната агенција, која е еден од главните столбови на нашата влада, сега ќе биде поддржана и од програмите на ЕУ“, истакна министерот Алиу.

Клучни зборови

  • Азир Алиу
  • Министерот за информатичко општество
  • МИОА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk