Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Aliti за ,,Пари”: Во друштвата за управување со отворени и затворени инвестициски фондови и во брокерските куќи нема акционери со потекло од Русија

22 мар. 2022 г.·4 мин читање·968 прегледи

Следете не на Viber

Воените дејствија во Украина првично негативно се одразија врз тргувањето на берзата, но по кусиот прекин се продолжи со редовно тргување. Сепак, Комисијата за хартии од вредност со претпазливост ќе ги следи соостојбите и доколку е потребно ќе преземе мерки, вели претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Mr.Sc.Nora Aliti, која појаснува што содржи и новиот Кодекс за корпоративно управување и ефектите што со него ги очекува македонскиот пазар на капитал.

Пари: Колку случувањата поврзани со руско—украинската криза  и сите други предизвици кои овој конфликт ги носи имаат рефлексија на пазарот на капитал?

Aliti: Состојбите на македонскиот пазар на капитал по ескалацијата на руско-украинскиот конфликт и предизвиците кои овие случувања ги наметнаа пред се на енергетски план, генерално гледано доведоа до првични негативни рефлексии врз тргувањето на берзата, пропратено со одраз на цените на акциите, кои се движеа од првичен и еднократен пад од 8.39% на МБИ 10 на берзанскиот ден кога започнаа воените дејствија, се до нормализирано и вообичаено тргување, без било каков драматичен предзнак. Поконкретно, на 24.02.2022 година, односно на првиот ден од конфликтот ја забележавме негативната корекција на цените на акциите на светските пазари на капитал, не исклучувајќи ја тука и оваа состојба на Македонската Берза кога берзата привремено го прекина тргувањето на сите хартии од вредност од 30 минути, предизвикано од надолната корекција на индексот. По кусото “ладење” од ценовниот притисок се продолжи со редовното тргување. Важно е да се напомене дека во друштвата за управување со отворени и затворени инвестициски фондови и во брокерските куќи кои работат во државата нема руски капитал, односно нема акционери кои имаат потекло од Русија. Од друга страна пак, не е исклучено еден дел од котираните компании кои директно и/или индиректно се изложени да ги чувствуваат последиците од пазарните нарушувања и инфлаторните движења предизвикани од воениот конфликт, да бидат пропратени и со соодветни пазарни реакции и ценовни осцилации на нивните хартии од вредност.

Се очекува дека оваа тема ќе продолжи да доминира на пазарот на хартии од вредност зависно од развојот, времетраењето и од економските последици на овој гео-политички воен настан, па би сакала да порачам дека КХВ поради претпазливост, а не поради паника ќе продолжи будно и со внимание да ги следи и анализира пазарните состојби и доколку е потребно да ги презема сите неопходни мерки за негово нормално и тековно функционирање согласно своите законски надлежности.   

Пари: Во каква кондиција е фондовската индустрија, бидејки дел од нив имаат вложувања во хартии од вредност (акции и обврзници) издадени од руски компании?

Aliti: Нето вредноста на отворените инвестициски фондови заклучно со 28/02/2022 година изнесува 185 милиони евра (11.336.888.457 денари) што претставува намалување од 2,4% во однос на jaнуари.  Од последно расположивите податоци за февруари, приливите во отворените фондови се стабилни и изнесуваат 1,55 милјарди денари што претставува мал пад во споредба со јануари од 2,08% . Одливите за истиот месец изнесуваат 1,51 милијарда денари и се благо зголемени (7,34%) во однос на јануари. Сепак, ова се стандардни месечни динамики во работењето на отворените фондови и не се забележуваат позначителни отстапувања. Согласно податоците за февруари, вредноста на вложувањата во хартии од вредност (акции и обврзници) издадени од руски компании изнесуваат околу 1,5 милиони евра (86,6 милиони денари), односно учествуваат со незначителни  0,76% во вкупната нето вредност  на сите отворени инвестициски фондови.  Но, во споредба со јануари иако учеството исто беше минимално , односно 1,17% од вкупната нето вредност на сите фондови, вредноста на тие вложувања била околу 2 милиони евра (35% пад). Намалувањето се должи пред се на драстичниот пад на вредноста на хартиите од вредност на руските компании, но и фактот дека не се тргува со овие акции. Сепак, треба да се има предвид дека вложувањата на домашните отворени инвестициски фондови се во високо профитабилни руски компании од секторите на енергетика и благородни метали. Ова сепак е првична слика за краткорочните ефекти од руско-украинскиот конфликт. Дополнително, параметрите на фондовите ќе зависат и од импактот врз глобалната економија ако се има предвид структурата на вложувања по дејности, географската изложеност и валутната структура на вложувањата.

Целото интервју може да го проследите на следниот линк:

http://pari.com.mk/intervju-nora-aliti-khv-od-pretpazlivost-a-ne-od-panika-budno-gi-sledi-pazarite-poradi-konflikt/

 

Клучни зборови

  • интервју
  • КХВ
  • Нора Алити
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk