Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Алибаба за прв пат во црвено

18 мај 2021 г.·2 мин читање·5351 прегледи

Следете не на Viber

Водечката кинеска платформа за трговија преку Интернет, Алибаба, ја објави првата квартална загуба од бизнисот откако дебитираше на берзата во 2014 година, што е последица на високата казна за монопол наметната од страна на државните регулатори на конкуренцијата.

Според изјавата на Алибаба, загубата во работењето изнесува 7,66 милијарди јуани (1,18 милијарди американски долари) во четвртиот квартал од фискалната година на компанијата, што заврши на 31 март, како резултат на споменатата казна, пренесува CNBC.

Ова е првпат Алибаба да покаже загуба во работењето како компанија со која се тргува јавно на берзата, изјави извршниот директор Даниел Ханганг.

Меѓутоа, доколку се исклучи казнениот ефект, оперативната добивка би била 10,56 милијарди јуани (1,63 милијарди долари), што е за 48% повеќе од претходната година.

Вкупните приходи на компанијата, сепак, ги надминаа прогнозите на пазарот, достигнувајќи 187,39 милијарди јуани (28,6 милијарди долари) и се за 64 проценти повисоки отколку во кварталот од претходната година. Аналитичарите предвидоа во истражувањето „Рафинитив“ дека вкупните приходи ќе бидат 180,41 милијарди јуани.

Заработката по акција беше 10,32 јуани (1,58 американски долари) во споредба со проценетите 11,12 јуани по акција, што претставува зголемување за 12 проценти во однос на минатата година.

Само во март годинава, Алибаба забележа нето загуба од 5,47 милијарди јуани (околу 848 милиони американски долари), додека играчите на пазарот очекуваа нето добивка од 6,95 милијарди јуани (нешто помалку од 1,1 милијарда долари).

Проблемите на Алибаба започнаа во ноември минатата година кога кинеските регулатори ја одзедоа лиценцата за дебито на берзата на Ант Груп, филијала за финансиска технологија и плаќања на Алибаба, во износ од 34,5 милијарди долари.

Оттогаш, Алибаба вредна повеќе од 240 милијарди долари е избришана на берзата, а компанијата исто така мораше да плати огромна казна од 18,23 милијарди долари (2,8 милијарди долари) како резултат на истрагата за монопол во Кина.

Клучни зборови

  • Алибаба
  • загуба
  • казна
  • квартал
  • кинеска платформ
  • монопол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk