Алибаба им враќа на државата и граѓаните 15,5 милијарди евра

2 мин читање506 прегледи

Кинескиот технолошки гигант „Алибаба“ ќе ги поддржи со 100 милијарди јуани (15,5 милијарди американски долари) напорите на државата и претседателот Си Џинпинг да постигнат „заеднички просперитет“ на сите граѓани.
Според Си-Ен-Ен, компанијата објави дека до 2025 година ќе инвестира неверојатна сума пари, наведувајќи ги како приоритетни цели: иновации во технологијата, економски развој, „висококвалитетно вработување“, поддршка за ранливите групи и воспоставување на посебен развоен фонд.