Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Александра Тасеска Бубевска и  Билјана Маринческа од Стопанска банка Битола ги добија наградите за најдобри банкарски службеници за 2024

4 ное. 2024 г.·2 мин читање·2059 прегледи

Следете не на Viber

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација им беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2024 – Александра Тасеска Бубевска и  Билјана Маринческа од Стопанска банка АД Битола за нивната посветена работа и остварени резултати.

Стопанска банка АД Битола оваа година го награди ангажманот на своите најдобри службенички кои се истакнаа со својата посветеност и професионалност.

-Наградата за најдобар банкарски службеник за 2024 година ја добија овие две извонредни претставнички, кои вложија голем труд и залагање во насока на одлична услуга кон клиентите – истакнаа за порталот Пари од битолската Стопанска банка.

Прашани како се станува најдобар во својата професија и што за нив значи оваа награда, Маринческа изјави дека наградата, по повеќе од 10 години работа во СТББТ, за неа е доказ за нејзиното професионално залагање и труд, што претставува јавно признание за нејзината добра работа.

-Потенцијалот кој е препознаен и успехот кој го постигнав го прават ова признание уште повредно, не само за мене, туку и за тимот со кој работам. Ова признание е поттик за мене да продолжам да се развивам и да бидам поефикасна, мотив со кој гледам кон нови достигнувања – истакна Маринческа.

Тасеска Бубевска нагласи дека пред сè е благодарна на Стопанска банка Битола за наградата за најдобар службеник за 2024 година.

-Работата со клиенти е нешто во кое се пронајдов и ја работам со многу љубов. Кога се работи нешто што се сака, успехот е неминовен. Ме исполнува секојдневната работа со клиентите и нивното информирање. Благодарна сум на клиентите кои секојдневно покажуваат доверба во нашата банка – вели Тасеска Бубевска.

Од Стопанска банка АД Битола ја препознава и вреднува посветеноста и трудот на своите вработени, што се потврдува со ваквите награди и признанија.

Клучни зборови

  • мба
  • најдобри банкарски службеници за 2024
  • Стопанска банка АД Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk