Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АЛАРМ ОД АХВ: Бактерии, пестициди, нејодирана сол – што навистина стигнува на нашите трпези?

10 јун. 2025 г.·3 мин читање·6599 прегледи

Следете не на Viber

Бактерии во минерална вода, нејодирана сол, пестициди во зеленчук – вакви се дел од причините поради кои од почетокот на годинава се уништени повеќе од 56 тони храна во Македонија, класифицирана како несигурна за потрошувачка. Контролите се засилени, санкциите се зголемени, а граѓаните сѐ поактивно укажуваат на пропусти.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), преку својот директор Оливер Миланов, денеска објави дека инспекциските служби спровеле над 12.000 контроли во домашниот промет со храна. Како резултат, изречени се 1.325 мерки, од кои 260 се парични казни, додека остатокот се однесува на привремени забрани за работа, санкции и прекршочни постапки.

Контролите не се ограничени само на домашниот пазар. Од почетокот на годината, десет пратки со увозна храна биле вратени, најчесто поради потекло од забранети региони или држави. Една од најголемите уништени пратки содржела 207 тони храна од животинско потекло, додека дополнително се елиминирани 30 тони храна од неживотинско потекло.

Миланов нагласи дека е идентификувана и бактериолошка загаденост во минерална вода, недоволна јодираност на солта, како и пестициди во увезен зеленчук, што е сериозен сигнал за внимателност при увозот.

Сѐ поголем дел од надзорните акции се иницирани по претставки од граѓани. Преку Одделението за заштита на потрошувачите, до АХВ пристигнале повеќе од 360 иницијативи. Меѓу нив, најчесто се споменуваат: Непочитување на ДХП и HACCP – 36 случаи, Продажба на производи со изминат рок – 26, Работа без дозвола – 24, Присуство на контаминанти – 17, Сомнеж за труење со храна – 16, Продажба на производи со променети својства – 16, Измама на потрошувачи – 14, Сомнеж во квалитетот – 5

Според АХВ, постапено е по најголемиот дел од овие случаи.

„Храната не е само избор на вкус – таа е прашање на јавно здравје“, предупреди Миланов. Светската статистика е застрашувачка: секој десетти човек се разболува од небезбедна храна, а 420.000 луѓе годишно умираат од последиците. Во лекување на болести поврзани со небезбедна храна, годишно се трошат околу 15 милијарди долари.

На трибината, организирана во соработка со EFSA по повод 7 Јуни – Светскиот ден на безбедна храна, беше потенцирана улогата на науката, институциите и граѓаните во ланецот на безбедност. Беше подвлечено дека едуцираниот потрошувач е исто толку важен како и ефективната контрола, и оти улогата на академската и регулаторната заедница е да ги поддржи тие процеси уште од најрана возраст.

„Нема безбедна трпеза без информирана јавност и добро поставени системи. Подготвеноста да се спречат ризици е единствениот одговор пред да биде предоцна“, се заклучи на настанот.

Клучни зборови

  • АХВ
  • храна
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk