Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Акционерите на „Усје“ предновогодишно ќе се опарат – Се дели аванс на дивиденда за 2024

13 дек. 2024 г.·2 мин читање·4824 прегледи

Следете не на Viber

До крајот на декември акционерите на „Усје ќе го добијат првиот дел, односно авансот на дивиденда од остварената добивка во периодот од јануари до септември годинава. Сумата што ќе ја поделат е во бруто износ од над 22 милиони евра. Одлуката е донесена од страна на Одборот на директори.

Деветте месеци од годинава компанијата ги одработила со добивка од 1.538.476.213 денари или 25 милиони евра. Оттаму и потегот на менаџментот постигнатиот успех да се сподели со акционерите. Кои, за акција ќе добијат по 2.404 денари.

„За периодот јануари – септември 2024 година да се распредели аванс на дивиденда за акционерите во бруто износ од 1.355.336.736,00 денари над 22 милиони евра, односно 2.404,00 за една акција“, наведено е во одлуката на Одборот на директори.

Исто така, се посочува дека последен ден на тргување со право на аванс на дивиденда за овој период е 25 декември, а прв ден на тргување без тоа право – на 26 декември.

Датумот, пак, на евиденција според кој се определува листата на акционери со право да го добијат авансот е 27 декември.

Клучни зборови

  • аванс на дивиденда 2024
  • акционери
  • добивка трет квартал 2024
  • Цементарница УСЈЕ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk