Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Акционерите на „Тетекс“ ќе делат дивиденда од над 728 илјади евра

14 мар. 2024 г.·2 мин читање·1887 прегледи

Следете не на Viber

Од добивката на „Тетекс“ Тетово, вредна над 1,5 милиони евра, акционерите ќе поделат 728,4 илјади евра. До реализација на оваа одлука ќе дојде откако ќе биде потврдена на акционерското Собрание закажано за 19 април.

Од минатогодишното работење „Тетекс“ оствари нето-добивка од 94.292.098 денари, од кои за дивиденда се наменети 44.868.890 денари.

Освен за акционерите, дел од добивката – 4.714.605 денари (повеќе од 76,5 илјади евра) оди во законските резерви. Како нераспоредена добивка остануваат 44.708.603 денари (725,8 илјади евра). Според одлуката, на генералниот директор му следува износ од пет проценти од остварената нето-добивка намалена за средствата наменети за законските резерви. Пресметките покажуваат дека се работи за 4,478,874 денари (72,7 илјади евра).

Инаку, дивидендата ќе се пресметува по бруто 110 денари за акција. Нивото е исто како и при исплатата на дивидендата за претходната 2022 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е седми мај, прв ден на тргување без  право на дивиденда е осми мај. Девети мај, пак, е датумот за стекнување право на дивиденда.

Некогашниот текстилен гигант од југословенско време од производството на текстил се откажа во 2020. По производствениот век од цели 69 години, се преориентира кон рентабилни активности. Главниот акционер на ТТК банка остварува приходи по неколку основи – од продажба на готови производи, услуги и од примени дивиденди.

Клучни зборови

  • дивиденда
  • добивка 2023
  • Тетекс АД Тетово
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk