Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Во голема акација уапсени се хакери кои украле 100 милиони долари во криптовалути

11 фев. 2021 г.·2 мин читање·3258 прегледи

Следете не на Viber

Европската полициска агенција – ЕВРОПОЛ позната како агенција за криминалистичко разознавање во Европската унија, денеска соопшти дека учествувала во апсење на десетмина осомничени за кражба на криптовалути во износ од 100 милиони американски долари преку системот „размена на СИМ картички“ што им овозможил на осомничените пристап до телефоните на нивните жртви.

Во вчерашната акција, вкупно осуммина криминалци беа лишани од слобода како резултат на меѓународната истрага за неколку хакерски напади врз познати јавни личности во Соединетите Американски Држави, по претходното апсење на две лица на Малта и во Белгија, кои припаѓале на оваа криминална мрежа.

„Оваа банда за организиран криминал беше насочена кон илјадници жртви во САД во текот на 2020 година, вклучувајќи познати личности, спортски sвезди, музичари и нивните семејства, а се верува дека криминалците украле над 100 милиони долари во криптовалути, откако нелегално добиле пристап до нивните телефони“, се наведува во соопштението на Европол.

Европол нагласи – група од десетина криминалци работеле заедно за да пристапат до телефонските броеви на жртвите и да ги сменат лозинките за да ја преземат контролата над нивните апликации или налози, што им овозможило да украдат пари, криптовалути и лични податоци.

„Апсењата се извршени по истрагата спроведена во соработка со Велика Британија, САД, Белгија, Малта и Канада“, соопшти Европол.

Клучни зборови

  • европол
  • криминалци
  • криптовалути
  • сајбер криминалци
  • хакери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk