Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Акција на „ЕСМ снабдување со топлина“: Бесплатно приклучување до 31 август

12 јун. 2023 г.·2 мин читање·1884 прегледи

Следете не на Viber

Исклучените потрошувачи од парно греење можат повторно да станат дел од системот. Овој пат бесплатно, преку акцијата што ја стартува „ЕСМ снабдување со топлина“, која ја дава оваа можност заклучно со 31 август.

„Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, почнуваме акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи, кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење“, наведуваат од компанијата.

Ова се однесува за објектите кое се приклучени на централниот систем за греење и каде што има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор. А, пак, акцијата ќе се спроведува по принципот прв пријавен – прв услужен. Претходно, потребно е да се достави писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на „ЕСМ снабдување со топлина“.

Од таму појаснуваат дека бесплатното приклучување подразбира – без надомест испуштање вода од системот за централно греење и работна рака. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната грејна инсталација ќе се наплати согласно ценовникот за сервисни услуги.

За подетални информации околу целата постапка заинтересираните можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачите, на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.

Од компанијата информираат дека по завршувањето на акцијата, односно од први септември  приклучувањето ќе се наплаќа според важечкиот ценовник.

Клучни зборови

  • есм
  • снабдување со топлина
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk