Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Акциите на Alibaba незапирливо паѓаат, Џек Ма изгуби 30 милијарди долари за една година

22 ное. 2021 г.·2 мин читање·1100 прегледи

Следете не на Viber

Акциите на Алибаба незапирливо паѓаат на берзите, поради што се скратува богатството на сопствениците на онлајн компанијата и некогаш најбогатите Кинези.

Како што продолжуваат проблемите на технолошкиот гигант, така и богатството на сопствениците на Alibaba драматично се „стопи“.

Милијардерот Џек Ма, некогаш најбогатиот Кинез, изгубил дури 30 милијарди долари во изминатата година и во моментов, според проценките на Форбс, е „тежок“ со само околу 38,6 милијарди долари, во споредба со максималните 66,6 милијарди долари на богатството на својот врв на Алибаба акциите на берзите.

Само во петокот, по нов пад на вредноста на акциите на Alibaba, Ма загуби дополнителни 350 милиони долари.

Alibaba Group минатата недела објави разочарувачки квартални приходи и ги наруши прогнозите за следната година.

Приходите на кинеската компанија во вториот квартал се пониски од очекувањата на пазарот бидејќи забавувањето на потрошувачката во Кина и нарушувањата во синџирот на снабдување го погодија нејзиниот сектор за е-трговија, според објавените финансиски резултати на компанијата.

Ројтерс наведува дека деловните резултати на Алибаба пропаднале во вториот квартал од фискалната година на компанијата и дека по објавувањето на извештајот, акциите на Алибаба котирани на Њујоршката берза, кои изгубиле 30 отсто од вредноста досега оваа година, потонале 2,4 проценти на Вол Стрит во петокот.

Големите кинески технолошки компании, додава британската агенција, се исто така под притисок од построгите прописи донесени од кинеските регулатори, наведувајќи ги антимонополските и безбедносни причини.

Клучни зборови

  • 30 милијарди долари
  • alibaba
  • акции пад
  • џек ма
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk