Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаЛичен Развој

АКЦИИ СО НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ И ПАД – Кој има +36,24%, а кој -56,52%?

5 јул. 2024 г.·3 мин читање·985 прегледи

Следете не на Viber

„РЖ Техничка контрола“, едно од друштвата кои произлегоа од некогашната скопска „Железара“, ја има акцијата која бележи највисок месечен раст на вредноста. Во јунскиот билтен на Македонска берза се запишани плус 36,24 проценти. Од 367 денари во мај, просечната цена на акцијата издадена од компанијата која прави физичко-хемиски и металуршки испитувања од областа на индустријата, рударството и металургијата, пораснала на 500 денари.

На 31 мај, акцијата на прилепскиот Мермерен комбинат имала просечна цена од 2.575 денари. Еден месец подоцна, на 30 јуни, се искачила на 3.200 денари. Или, акцијата на Комбинатот, кој е најпрепознатлив по сивецот, се зголемила за 24,27 насто.

Убедливо најтргуваната акција на берзата ја има и на оваа топ 5 табела. Месечното движење по нагорна линија е 19,5 проценти. Акцијата на Комерцијална банка на последниот ден од мај била со просечни 18.158,99 денари, а на крајот од јуни – 21.699,66 денари.

Уште една прилепска компанија, овојпат од областа на прехранбената индустрија, е меѓу оние чија акција се издвојува по порастот на вредноста. Акцијата на „Витаминка“ од мајските 10.010 денари се поместила на јунските 10.999. Тоа значи дека просечната цена зајакнала за 9,88 проценти.

Во друштвото на позитивните е и акцијата на „Тетекс“ од Тетово. Петтата позиција ја обезбеди со растот од 7,14 насто. Конкретно, акцијата на некогашниот текстилен гигант во мај чинела 2.800 денари, а еден месец подоцна има просечна вредност од 3.000 денари.

Предводник на табелата со предзнак минус е акцијата на „челичната“ компанија. За повеќе од половина, односно за 56,52 отсто се намалила вредноста на акцијата од „Либерти“. Од 46 денари во мај, во јуни се спуштила на 20 денари.

Следна е хартијата од вредност на компанијата – „состојка на секоја градба“. Акцијата на „Адинг“ на 31 мај имала просечна цена од 1.690 денари, а на 30 јуни од 1.600 денари. Според податоците од берзанскиот билтен, се работи за минус од 5,33 проценти.

На средината од оваа листа е акцијата на најстарата македонска осигурителна компанија, со намалувањето за 3,61 отсто. Или, акцијата на „Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп“  на крајот од јуни имала просечна цена од 1.200 денари, откако еден месец претходно била на нивото од 1.245 денари.

На последните две места овојпат се позиционирани банкарски акции.

ЕКСКЛУЗИВНО: ЗА НАЈПРОФИТНИТЕ ИЗВРШИТЕЛКИ СЕКОЈА ГОДИНА ПО ДВА Стана

Иако е меѓу најтргуваните, сепак, акцијата на НЛБ банка влегла во негатива. Во мај берзанската статистика забележала просечни 40.213,62 денари. Во јуни вредноста на акцијата се намалила на 38.900 денари. Станува збор за пад од 3,27 проценти.

Најниското меѓу овие со најголемо намалување е регистрирано кај акцијата на УНИ банка. Минусот е 2,74 отсто. Просечната цена во мај изнесувала 6.940 денари. Во јуни опаднала на 6.750 денари.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • акции со најголем пад
  • акции со најголем раст
  • Македонска берза
  • месечен билтен за јуни
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk