Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

2 акции на фармацевтски компании кои што треба да се купат во август

17 авг. 2020 г.·2 мин читање·96 прегледи

Следете не на Viber

За време на добрите времиња, акциите на фармацевтските компании се одлични за купување благодарение на нивниот постојан проток на пари, профитабилни маржи, посветеност на истражување и развој, и ексклузивност на пазарот од патенти од лекови. Но за време на глобална пандемија, фармацевтските компании стануваат уште подобри позиции, заради суштинската природа на нивниот бизнис.

Постојаната побарувачка за лекови на рецепт е причината зошто инвеститорите гледаат добра иднина во овој сектор. Ајде да ги разгледаме двете акции што одговараат на оваа категорија.

1. Во вториот квартал од 2020, продажбата на Eylea на Regeneron Pharmaceuticals изнесуваше 1,8 милијарди долари. Лекот третира различни болести, а побарувачката се приближува кон нивото како што беше пред КОВИД-19.

Во моментов, „Регерон“ има околу 5,7 милијарди долари во готовина и инвестиции, и 1,5 милијарди долари обврски од финансирање на долг, со што нејзината финансиска состојба е одлична. Всушност, компанијата неодамна го откупи целиот удел на Санофи за 5 милијарди американски долари, ставајќи повеќе идни нето приходи во рацете на акционерите на Регерон. Инвеститорите треба добро да се осеќаат во врска со идниот потенцијал на компанијата, бидејќи реинвестираат повеќе од 2 милијарди долари на годишно ниво во програми за истражување и развој за да продолжат со моментумот.

2. Следно, станува збор за компанија која го револуционизира начинот на лекување на напади. Лекот е Епидиолекс, кој е произведен од GW Pharmaceuticals и е првиот лек одобрен од FDA кој ја активира активната фармацевтска состојка од марихуана.

Епидиолекс може да третира две ретки форми на епилепсија, со клинички студии кои покажуваат до 48% намалување на бројот на напади. Неодамна, лекот доби и регулаторна етикета за проширување за лекување на туберозна склероза, болест која предизвикува тумори што ги погодува 50.000 пациенти само во САД.

Клучни зборови

  • акции
  • Берза
  • инвестирање
  • лекови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk