Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ербас планира да го зголеми производството 

2 јун. 2021 г.·2 мин читање·1501 прегледи

Следете не на Viber

Ербас им наложи на добавувачите да бидат подготвени да го зголемат производството на најпродаваните серии авиони со тесно тело А320 на 53 авиона секој месец, до крајот на следната година. Ербас во моментов произведува 40 авиони од овој модел.

Според неименувани извори цитирани од Блумберг, компанијата планира да достигне производство на 43 авиони од споменатиот модел во третиот квартал од оваа година, а во последниот квартал од оваа година да има 45.

Експертите во авијациската индустрија сметаат дека ова е добра вест и сугерира раст. Побарувачката за најпопуларниот модел на Airbus, и покрај фактот дека ситуацијата во врска со пандемијата на вирусот останува неизвесна. 

Најновите планови сè уште се скромни во споредба со стапката на производство пред пандемијата, кога европската компанија лансираше 60 авиони Ербас месечно, со план оваа година да достигне 63 и можеби 70.  

Ербас го намали производството за една третина на почетокот на пандемијата на вирусот, а компанијата одби да ги коментира „шпекулациите за долгорочно“ закрепнување на производството. Сепак, нејзиниот портпарол рече дека обновувањето на пазарот е забележливо и дека тој може да се врати на нивото на пред пандемијата во периодот помеѓу 2023 и 2025 година.  

Компанијата објави на крајот на април дека стапките на производство сè уште не се утврдени, но дека побарувачката за испораки на авиони за 2023 и 2024 година е зголемена. По тој повод, Ербас објави раст на приходите од 147 проценти во првиот квартал од 2021 година, по катастрофалните операции минатата година кога беше забележана загуба од 1,113 милијарди евра.

Клучни зборови

  • Airbus
  • авијациската индустрија
  • авиони
  • Ербас
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk