Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Air Yacht е футуристичка мегајахта за најбогатите, може да лета и да лебди

14 јан. 2022 г.·3 мин читање·447 прегледи

Следете не на Viber

Италијанска дизајнерска компанија ја претстави својата најнова луксузна јахта, која е дизајнирана за летање и пловење по светските океани. Тоа екстравагантно возило се вика Air Yacht и беше претставено на концептуални фотографии кои ги направи компанијата Lazzarini Design Studio од Рим.

Телото на јахтата е замислено да се прави од карбонски влакна, а во текот на летањето може да достигне брзина од 112 км на час благодарение на четири електрични пропелери и два странични понтони наполнети со хелиум и вкупно 400.000 м2 гас под притисок. Air Yacht ќе може да остане во воздух 48 часа.

Значи, Air Yacht може да лета, да лебди и да лебди на вода. Цената засега не е позната, иако компанијата ја дизајнирала јахтата за приватни сопственици, но веројатно станува збор за потенцијални купувачи со милиони и милијарди долари во џебот.

Должината на јахтата е 150 метри, а ширината 80 метри, додека главната централна палуба би била долга 79 и широка 10 метри. Air Yacht би имала 8 мотори поделени во четири пара, во кои тие мотори ротираат во спротивна насоак и енергијата ја добиваат од ултралесни батерии, кои, пак, се напојуваат од соларни плочи поставени на горната површина од летачката јахта.

Air Yacht не е воздушен брод за јавен превоз или за туристички цели, велат од Lazzarini Design Studiо, кои објавија галерија од концептуалниот дизајн на својата интернет страница, како и на својата страница на Instagram.

Околу понтоните полни со хелиум има сали и приватни апартмани, така што Air Yacht е опремена за долги и повеќедневни патувања. Има пет апартмани за патници од секоја страна со ипмресивен поглед на небото. Има и широка платофрма за гледање без прозорци од страната на секој понтон, која на патниците им овозможува отворен поглед на брановите или престој на свеж воздух на висина од 1.500 метри над копното или морето.

https://www.youtube.com/watch?v=87pW14GzSGM

Двата понтони се поврзани со централната палуба со четири карбонски мостови, по кои патниците може да се движат. Централната палуба е замислена како заеднички простор за собирање на патниците, за опуштање и за јадење, а има и базен, салон со теписи и простран дневен престој.

Јахтата може да плови со намалување на притисокот на хелиумот и сидрениот систем со баласти. Може тихо да плови со брзина од 10 км/ч, велат од Lazzarini. На врвот на јахтата има и посебен дел за слетување на хеликоптери.

Клучни зборови

  • јахта
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk