Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Најбогатиот Африканец сака да ја трансформира економијата на Нигерија

3 сеп. 2020 г.·2 мин читање·1510 прегледи

Следете не на Viber

На полуостровот источно од Лагос, 30.000 работници се вработени на проект што ги исполнува ветувањата за трансформација на нигериската економија.

Имено, Алико Данготе, најбогатиот човек во Африка, планира да инвестира повеќе пари од неговата нето вредност (13,5 милијарди долари), поточно 15 милијарди американски долари, со цел да се изгради една од најголемите рафинерии за нафта во светот.

Доколку успее, тоа може да стави крај на иронијата на најголемиот производител на нафта во Африка, кој увезува 7 милијарди долари годишно гориво и наместо тоа, да ги задоволува сопствените потреби и да може да ги снабдува соседните земји.

Во време кога пазарот на нафта полека се опоравува, Данготе реши да ризикува. Сепак, тој „облог“ има голем потенцијал: целосно да ја трансформира економијата на оваа африканска земја.

Гувернерот на Централната банка, Годвин Емефиле рекол дека проектот може да вработи повеќе од 70.000 луѓе откако ќе биде оперативен.

„ Да, ризиците се големи, но и наградите“, рече Девакумар Едвин, извршен директор на рафинерискиот комплекс, кој соработуваше со милијардерот Алико Данготе околу три децении.

Инаку, Данготе е роден во 1957 година во градот Кано, а индустрискиот конгломерат „Данготе Груп“ е основан во 1981 година.

За потсетување, нафтата, шеќерот и цементот го направија нигерискиот бизнисмен Алико Данготе еден од најбогатите луѓе на светот.

Според листата на „Форбс“ Алико Данготе од Нигерија е најбогатиот Афиканец во светот, „тежок“ 8.3 милијарди долари.

Клучни зборови

  • алико данготе
  • африка
  • нигерија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk