Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АЕТМ: Започнаа номинациите за избор на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 година

19 дек. 2024 г.·3 мин читање·2134 прегледи

Следете не на Viber

Од денес започнуваат номинациите за избор на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 година „E-commerce Awards 2024“, кој по четврти пат е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, преку овојизбор се зголемува и компетитивноста кај е-трговци со што се придонесува кон поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целост. На изборот ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2024 година, кои ќе се натпреваруваат во 23 категории поделени во три секции: „Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање“, „Најдобри е-продавници по сектори“ и „Шампиони во е-трговија“. Дел од категориите за кои што можат да се номинираат е-трговците се: „Најпопуларна е-продавница“, „Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци“, „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, како и за „Е-трговец на годината“.

Процесот на избирање на најдобрите е-трговци се прави во пет фази, а започнува со прибирање на пријави, односно номинации на е-трговци.  Пријавувањето на е-трговците е бесплатно и е во тек до 10 јануари 2025 година, до 23:59 часот. Истото може да се направи преку официјалната веб страница на наградите – www.ecommerceawards.mk.

По номинирањето следува проверка на апликациите и објава на номинираните компании кои ги исполнуваат општите и специфичните услови за учество во Правилникот за избор на најдобрите во македонската е-трговија. За номинираните компании кои ќе бидат јавно објавени на официјалната веб страница ecommerceawards.mk јавноста ќе може да гласа електронски, согласно утврдената методологија за гласање, која е јавно објавена во рамки на Правилникот. По гласањето на публиката следува гласање од жири комисијата, со што гласовите од публика ќе се вреднуваат со 60%, а гласовите од жири комисијата со 40% при вкупното гласање. По собирање на поените од публиката и жири комисијата ќе се  прогласат победниците. Свечениот настан за доделување на наградите на најдобрите македонски е-трговци за 2024 година ќе се оддржи во текот на месец март 2025.

На минатогодишниот избор за најдобрите во е-трговијата беа пријавени над 160 домашни е-трговци и беа собрани над 111.200 гласови од 6.100 гласачи од јавноста, а беа доделени вкупно 38 награди на најдобрите домашни е-трговци, поделени во 24 категории.

https://www.youtube.com/embed/hOtWo5v2cKE?si=OKY-IoQAWOy6CEqa

Повеќе детали за изборот може да погледнете на официјалната веб страница:

https://ecommerceawards.mk/.

Клучни зборови

  • E-commerce Awards 2024
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk