Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Адидас“ вети 30 отсто од нововработените во САД да бидат Афроамериканци и Латиноамериканци

10 јун. 2020 г.·2 мин читање·184 прегледи

Следете не на Viber

Гигантскиот производител на спортска опрема „Адидас” соопшти синоќа дека 30 проценти од сите нови вработувања во САД ќе бидат Афроамериканци или Латиноамериканци, во момент на протести против расизам, кои ја потресоа државата речиси две недели.

„Настаните во изминатите две недели предизвикаа сите да размислиме за тоа што можеме да сториме за да се спротивставиме на културните и системските сили кои го одржуваат расизмот”, наведе извршниот директор на „Адидас”, Каспер Рорстест во соопштението.

Спортскиот гигант ја објави новата мерка, меѓу неколку други, истиот ден кога беше и погребот на Џорџ Флојд, Афроамериканец убиен при приведување од американската полиција од белец полицаец. Вработените во „Адидас” неодамна ја критикуваа компанијата дека не сторила доволно за борба против расната дискриминација.

Германската групација, исто така, објави дека во текот на следните четири години, ќе зголеми на 20 милиони американски долари финансирањето за своите програми што ги поддржуваат Афроамериканците – програма за кошарка за недоволно развиени заедници, финансирање за училиште за дизајн на „Адидас” и програма за поддршка на црна заедница преку спорт.

Адидас исто така вети дека ќе обезбеди 50 стипендии за своите вработени Афроамериканци секоја година за следните пет години.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> [ топ 100 најголеми ]

Клучни зборови

  • Адидас
  • нови вработувања
  • расната дискриминација
  • САД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk