Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Адидас“ размислува да ја прекине соработката со раперот Канје Вест

9 окт. 2022 г.·3 мин читање·814 прегледи

Следете не на Viber

Производителот на патики и облека „Адидас“ во четвртокот соопшти дека ја разгледува врската со Канје Вест. „По повеќекратните напори за приватно решавање на ситуацијата, донесовме одлука да го разгледаме партнерството. Ќе продолжиме да ко-менаџираме со сегашниот производ во овој период“, се вели во соопштението на компанијата.

Адидас го објави своето партнерство со Вест во 2013 година. Раперот ја зацврсти својата врска со германскиот бренд во 2016 година за да произведува и дистрибуира предмети од неговата линија на облека Yeezy.

Тој неодамна беше јавно критичен кон компанијата и нејзиниот извршен директор, обвинувајќи го брендот за спортска облека дека не му дава доволно контрола над линијата и изјави за CNBC „тие ги копираат моите идеи“.

Во изминатите неколку месеци, Вест излезе на социјалните мрежи против компанијата, повикувајќи го извршниот директор Каспер Рорстед и објавувајќи слики од членовите на одборот. На почетокот на септември, Канје објави изработена слика на насловна страница на Њујорк Тајмс, во која лажно тврдеше дека Рорстед умрел.

Вест во четвртокот одговори на приказната на CNBC за најновата изјава на Адидас во експлицитна објава на Инстаграм, велејќи: „F— ADIDAS I AM ADIDAS“.

Компанијата соопшти дека партнерството со Yeezy е една од најуспешните соработки во историјата на индустријата. „Тој имаше огромно влијание на глобално ниво за нас“, изјави Рорстед за CNBC во август. „Канје е нашиот најважен партнер во светот. Имаме многу, многу добри односи со него. Ние комуницираме со него на многу постојана основа. И ние сме многу горди на таа врска“.

Минатиот месец, West’s Yeezy го прекина партнерството со трговскиот бренд Gap. Во тоа партнерство се продаваше облеката на Yeezy во продавниците на Gap и на интернет. Но, Вест слично тврдеше дека не му била дадена доволно контрола врз предметите, вклучувајќи го изборот на боја и цената. „Yeezy го извести Gap за своите грижи во август и и даде на компанијата 30 дена да ги санира своите прекршувања“, изјави Николас Граванте, адвокат на Вест, за CNBC во тоа време. Граванте рече дека Гап не презел ништо за загриженоста, па Јези ја прекинала врската.

Граванте не одговори веднаш на барањето за коментар во четвртокот за ажурирањето на Адидас или одговорот на Вест.

Бизнисот со патики и облека на Вест со Adidas AG и Gap неодамна беше проценет на помеѓу 3,2 и 4,7 милијарди долари од страна на UBS Group AG, според приватен документ прегледан од Bloomberg.

Клучни зборови

  • Адидас
  • договор
  • Канје Вест
  • соработка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk