Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Adidas го продаде Reebok за 2,1 милијарди долари

Sanja Momirovska·16 авг. 2021 г.·2 мин читање

Германскиот производител на спортска опрема „Adidas“ објави дека пронашол купувач за „Reebok“, а купувач е Authentic Brands Group, кој е подготвен да плати до 2,1 милијарди евра за американскиот спортски бренд.

Купувачот ќе плати поголем дел од сумата во готово по завршувањето на трансакцијата, што се очекува во првиот квартал од 2022 година, се вели во соопштението објавено во четвртокот од „Adidas“.

Германската компанија исто така забележува дека ќе го распредели најголемиот дел од приходите од продажба на акционерите, пренесува Хина. Aidas го купи Reebok кога актуелниот извршен директор на актуелниот фудбалски клуб Баерн, Херберт Хајнер беше вршител на должноста извршен директор, плаќајќи 3,1 милијарди евра за американската компанија.

Adidas на крајот одлучи да го продаде Reebok, за кој интерес покажаа голем број познати имиња во последните месеци. Медиумите споменаа дека меѓу нив е и славниот кошаркар Шекил О’Нил. Adidas на крајот се одлучи за Authentic Brands Group американска компанија за управување со брендови со седиште во Њујорк.

Нивното портфолио вклучува повеќе од 50 брендови за потрошувачи, а исто така им е доверена заштита на имињата на sвездите како Мухамед Али, Елвис Присли и Мерилин Монро.

Клучни зборови

  • adidas
  • reebok
  • продаден
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk