Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

АД ЕСМ УВЕРУВА: Снабдувањето на домаќинствата и малите потрошувачи со струја е 100 процентно

1 дек. 2022 г.·2 мин читање·858 прегледи

Следете не на Viber

АД ЕСМ е производител на електрична енергија и со сопствената произведена енергија го снабдува ЕВН Хоме за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, стои во соопштението на АД ЕСМ, испратено до медиумите. Оттаму истакнуваат дека снабдувањето се врши 100 процентно, по задолжение добиено од Владата, наместо 60% како што е по законот, со цел да се обезбеди електрична енергија по пониска цена и да се спречи енормен раст на крајната цена за домаќинствата.

„ЕСМ Продажба ДООЕЛ е фирма ќерка на АД ЕСМ која врши набавки и продажби на електричана енргија за дополнителните снабдувања по одлуки на Владата, односно субвенционирано снабдувања за три категории субјекти: училишта, прехранбена индустрија и водостопанства, како и за техничките потреби на мрежите на Електродистрибуција и МЕПСО, за да не дојде до покачување на крајната цена на струјата за граѓаните“, се вели натаму во соопштението.

По препорака од Владата, ЕСМ Продажба снабдува и одреден број витални објекти, како болници, клиники, детски градински и субјекти од државно значење, по берзански цени, но со помала маржа во однос на другите понудувачи, со што обезбедува поповолни услови и за оваа категорија потрошувачи, додека истовремено остварува профит од тргувањето.

Во однос на начинот на плаќање на електричната енергија при нејзина набавка, истата секогаш се плаќа авансно и наведениот начин се користел и во времето кога имало други раководни структури во АД ЕСМ. Доколку било кој субјект има сознанија за фирма која продава електрична енергија, а истата не ја наплаќа авансно, го повикуваме да ја препорача до ЕСМ Продажба, се истакнува во соопштението на АД ЕСМ. „Би сакале да напоменеме дека истата не би требало да биде од рангот на досега препорачаните непостоечки и фантом фирми за снабдување со гас и мазут“, се додава во соопштението доставено до медиумите.

Клучни зборови

  • ад есм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk