Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

40.000 работни места под ризик да бидат укинати-Работодавачите на дебата “пред и по пандемијата’

9 јун. 2021 г.·3 мин читање·504 прегледи

Следете не на Viber

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) во рамки на седницата на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, организира дебата на тема: „Македонската економија пред и по пандемијата“.

На дебатата, како што информираат од ОРМ, ќе се говори за македонската економија пред и по пандемијата со Ковид-19, каде говорниците ќе зборуваат за актуелните случувања и предизвиците со кои се соочи земјава во изминатиот период, но и можностите за економскиот развој по пандемијата.

– Владата на Република Северна Македонија донесе сет економски мерки и директна помош која беше носочена кон граѓаните и стопанството за да ги ублажи последиците од Ковид-19, но сепак за дел од бизнис заедницата овие мерки не беа доволни. Целокупната состојба изврши силен удар врз работодавачите, дел од нив се прилагодија и успешно ги реструктуираа своите бизниси, но сепак за дел од работодавачите кризата означуваше и затварање на многу работни места или пак затварање на економската активност. Девет сектори во кои се ангажирани 62 отсто од вкупниот број вработени во стопанството се најмногу погодени од кризата, а дури 40.000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик, велат од ОРМ.

Организацијата на работодавачи на Македонија, велат оттаму, уште од самиот почетокот на кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 даде свој придонес и ги застапуваше интересите на работодавачите преку учество во националниот Економско-социјален совет, националниот Совет за безбедност и здравје при работа и други тела,поднесе предлог мерки и активности до државните институции, се со цел полесно надминување на кризната состојба.

Значителен дел од предложените мерки од ОРМ биле прифатени од страна Владата и беа преточени во активни мерки и уредби. Економските последици, нагласуваат работодавачите, ќе се чуствуваат и во наредните години, но сепак со заеднички напори можеме да ја придвижиме економијата и да отвориме нови перспективи за развој на бизнисот во новата реалност.

Инаку, како што информира владината прес-служба, премиеротот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе се обратат на Свеченото собрание на Организацијата на работодавачи.

Дополнително премиерот Заев ќе учествува и на дебата на тема „Македонската економија пред и по пандемијата“ заедно со Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за економски прашања,  Марјан Петрески, професор, Американ колеџ Скопје, како и со Јулија Друмеа, Канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа, Меѓународна организација на трудот.

Клучни зборови

  • 40.000 работни места
  • дебата
  • пандемија
  • работодавачите
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk