Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

4 НОВИ ЕКСПОЗИТУРИ НА “СН ФИНАНСИСКО ДРУШТВО” ЗА САМО ПОЛОВИНА ГОДИНА

12 јул. 2021 г.·3 мин читање·1082 прегледи

Следете не на Viber

Отворени четири нови експозитури за само половина година на СН финансиско друштво.

Новото време носи потреба од брзи, сигурни, едноставни и лесно достапни трансакции, тврдат од СН финансико друштво кое сaмо за првата половина од 2021 година бележи зголемување на бројот на експозитурите и раст на бројот на вработени за 25%.

“Во 2020 година беа вкупно 9 експозитури во 7 градови, а само во првите 6 месеци од 2021 имаме 4 нови експозитури, а со тоа реализирани се и нови вработувања.
Новите експозитури се лоцирани во Скопје, Прилеп, Струга и Тетово. А изборот на градовите доаѓа како резултат на нашето детално истражување на пазарот кое го правиме во континуитет. Така денес, СН финансиско друштво брои 13 експозитури во 9 градови низ Македонија.” – истакна Томе Чагоровски, менаџер за продажба и маркетинг во оваа компанија.

Континуираната дигитална трансформација и на пазарот на финансииите, но и на целата услужна индустрија, покажува дека има сé повеќе потреба од решенијата кои ги нудат финтек компaниите. На почетоcите од нивното појавување на нашиот пазар, тие беа фокусирани на тесна група на корисници, но брзиот развојот и растот кај нив се покажа евидентен со ширењето на услугите, наметнувајќи нови трендови во финансикото работење и зголемување на конкуренцијата.

“Иако, со здравствената криза, најголемиот дел од работењето одеше онлајн, сепак истражувањето покажува дека клиентите сакаат и личен контакт. Затоа и се одлучивме на овие чекори, кои од старт ги дадоа и првите резултати. Ние сме компaнија која е целосно клиентски ориентирана, оттука веројатно и успехот кој го имаме изграден за помалку од 5 години на пазарот, каде со филозофијата на работење која ја споведуваме заедно со тимот ја менуваме сликата на крутост и нефлексибилност кој долго владееше за инстутициите кои го движат финансискиот пазар”-додава Чагоровски од СН финансиско друштво.

Во најава се и планови за ново ширење, како и промоција на нови производи кои секогаш ги темелат на дигитални решенија, каде се доакажани пионери, па оттука и зголемениот број на задоволни корисници.

Клучни зборови

  • СН финансиско друштво
  • Томе Чагоровски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk