Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Поткаст

300 милиони евра се „интервентно“ задолжување и е близу 2% од БДП – Никола Поповски зa „Каде се парите?“

20 фев. 2026 г.·2 мин читање·7804 прегледи

Следете не на Viber

Новото задолжување од 300 милиони евра, според универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Поповски кој гостува во „Каде се парите?“, не изгледа како планско финансирање, туку како потег за надминување ликвидносен притисок во буџетот. Тој вели дека кога приходите не доаѓаат со динамиката што е планирана, најлесно е „дупката“ да се покрие со нов долг – а потоа јавноста тешко ја следи трагата каде завршуваат парите. Поповски ја става бројката во контекст: 2% од БДП во многу европски земји е цел годишен дефицит, додека кај нас се појавува како „попатно“ решение.

„Овие 300 милиони сега, надвор од сите предвидувања, пред неполн месец издаде обврзница од 1 милијарда, односно две обврзници од по 500. Ако беше предвидувањето и се како што треба тогаш можеше да се издаде 800 и 500. Но, ова интервентно задолжување од 300, која е за нашите гледачи  релативната вредност на 300, ако Америка се задолжи 300, не значи ништо/ Кај нас е скоро близу 2% од БДП. 2% во многу европски земји е дефицитот на годишно ниво. А ние вака странично, попатно ја издаваме за да надминеме некои ликвидносни проблеми.“

Следете нè и притиснете „subscribe“

Клучни зборови

  • 300 милиони евра
  • БДП
  • задолжување
  • каде се парите
  • Никола Поповски
  • обврзници
  • Поранешен министер за финансии
  • универзитетски професор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk