Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

12 ВИДЕОПРИКАЗНИ СО ИДОЛИТЕ НА ХАЛКИ

10 фев. 2022 г.·2 мин читање·486 прегледи

Следете не на Viber

Тие се талентирани, успешни и инспиративни. Станува збор за дванаесет деца и млади кои ќе бидат главни ликови во серијалот видеоприказни „Идолите на Халки“. Ценејќи ги важноста на квалитетно образование, креативноста и посветеноста како трајни вредности, Халкбанк АД Скопје го стартува проектот преку кој ќе се раскажат приказните на децата кои треба да бидат вистински идоли на нивните врсници, но и на возрасните.

Преку оваа активност Халкбанк АД Скопје останува целосно посветена на својата основна стратегија, изградена врз мотото „Важни се луѓето“. Заложбите на банката остануваат непроменети, а тоа е секогаш да биде на страната на луѓето, на клиентите и на заедницата. Тоа се рефлектира преку активности кои значат силна поддршка на сегменти клучни за здраво и стабилно општеството.

Градењето трајни вредности е дел од нашата корпоративна свест како банка, да ги пронајдеме и поддржиме луѓето, настаните или местата кои значат искачување по тие вредносни вертикали. Среќни сме што нашата девиза „Важни се луѓето“ овој пат се поврзува со децата. Пред нашите клиенти, пријатели, но и пошироката јавност ќе претставиме 12 деца и млади кои со својот талент поттикнуваат размислувања, воодушевувања и силно мотивираат. „Идолите на Халки“ низ видеоприказни ќе влезе во секојдневието на овие таленти, со цел да влијае мотивирачки на новите генерации – вели Маја Наумовска-Савеска од „Халкбанк“.

Серијалот „Идолите на Халки“ патува низ цела Македонија и се среќава со децата кои имаат дарба, таленти и хобија на кои се целосно посветени. Зад реализацијата на проектот стои авторскиот тим на порталот Умно.мк од каде што велат:

-Од самиот почеток на нашиот портал се трудиме да третираме прашања и теми за кои поретко има простор или минутажа во македонскиот медиумски простор – уметност, наука, образование. Среќни сме што и овој пат нашиот труд е препознаен и што сме медиумот што ги открива/раскажува приказните за малите, а големи идоли. Тие се најсилниот темел на општеството и културата за какви што се залагаме – велат од Умно.мк

Клучни зборови

  • Важни се луѓето
  • Идолите на Халки
  • Маја Наумовска Савеска
  • Халкбанк АД Скопје
  • Халки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk