Пари во соработка со платформата за бонитетни информации БизнисМрежа.мк, Ви ја претставуваме листата на 100-те најголеми работодавачи во Македонија за 2019-та година. Овие компании се ТОП 100 според бројот на вработени.
Проектот „100 најголеми“ содржи три категории – најголеми компании по приходи, добивка и број на вработени. Пари заедно со БизнисМрежа.мк во следниот период ќе ја објави и листата на 100 најголеми компании според остварената добивка за 2019-та година.
Целта на проектот „100 Најголеми“ е да допринесе кон развој и јакнење на позитивната деловна клима низ промоција на позитивната деловна пракса на најголемите компании по приход, добивка и број на вработени.
Исто така овој показател овозможува поголема препознатливост и промоција на компаниите кои ќе го искористат правото да се стекнат со сертификатот „Аналитика 100“ на Аналитика Медиум (сопственик на порталот Пари), а со тоа пренесуваат информација дека припаѓаат во групата на најзначајни компании во Македонија.
Ранг 2019 НАЗИВПросечен број на вработени Раст % Ранг 2018
1КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола6,4580.33%1
2ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ ДООЕЛ Кавадарци5,799-3.20%2
3АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ Штип2,1700.79%6
4ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Прилеп1,94419.19%11…