Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

100.000 денари награда од Народна банка за најдобар научен труд за макроекономија и банкарство

27 сеп. 2021 г.·2 мин читање·1017 прегледи

Следете не на Viber

Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за 2022 година за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството. Конкурсот, кој се организира изминатите 15 години, има за цел да ја поттикне научната мисла и да афирмира млади истражувачи.

 

Право за учество на Конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, со исклучок на вработените во Народната банка и членовите на Советот на Народната банка.

Tрудот треба задолжително да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување. Еден автор има право да поднесе само еден труд и тој може да се достави на македонски, албански или на англиски јазик.

Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со трудови коишто веќе биле објавени (но не пред 1 јануари 2020 година). Рокот за доставување  труд е до 1 февруари 2022 година.

Годишната награда на Народната банка за прворангираниот труд изнесува 100.000 денари, нето. Доколку второрангираниот труд е со квалитет близок до прворангираниот, Народната банка може да додели и втора награда, во износ од 50.000 денари, нето. Покрај тоа, наградениот труд се презентира пред стручната јавност на настан организиран од Народната банка и се објавува на веб-страницата на институцијата. Изминатите неколку години, наградените трудови беа презентирани на сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка.

Низ годините, Конкурсот за Годишната награда на Народната банка генерираше голем број квалитетни анализи и делуваше како истражувачки центар за младите истражувачи од областа на економијата и финансиите. Народната банка ги поттикнува сите млади истражувачи од сферата на макроекономијата и банкарството да го погледнат конкурсот на следната врска: https://bit.ly/Godisna_nagrada.

Конкурсот беше распишан во јуни оваа година. 

Клучни зборови

  • конкурс
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk