Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

100 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ: За добивка се избориле 88, во загуба лани потонале 12

24 сеп. 2022 г.·3 мин читање·1933 прегледи

Следете не на Viber

СЕРИЈАЛ 1

100- те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра. Добивката е резултат на работењето на 88 компании додека 12 компании биле во загуба и нивната вкупна загуба изнесувала 28 милиони евра.

КОИ СЕ ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ?

Во првите 10 најголеми работодавачи во 2021 година работеле 25.647 работници. Во 2020 година, пак, во истите овие компании работеле 25.443 работници, или 204 работници помалку.

Она што може да се забележи е дека од ТОП 10 работодавачи, само 4 се во Скопје, додека другите се во другите градови.

Еве кои се 10-те најголеми работодавачи во 2021 година:

ОД 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ, САМО ДВА СЕ ВО ТОП 10 ПО ДОБИВКА

Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека од овие 10 најголеми работодавачи, само два се во друштвото на ТОП 10 компании по добивка, а тоа се „Макпетрол“, каде со 1.870 вработени е направена добивка од 22,3 милиони евра и „Алкалоид“, каде со 1.860 вработени е направена добивка од 20,8 милиони евра.

КОЛКАВ ПРИХОД И ДОБИВКА НАПРАВИЛЕ НАЈТРУДОИНТЕНЗИВНИТЕ КОМПАНИИ?

Целата анализа е достапна на линкот: http://pari.com.mk/100-najgolemi-rabotodavaci-78329-vraboteni-im-pravat-450-milioni-evra-profit/

СЕРИЈАЛ 2

АЛАРМАНТНО: СЕКОЈ ОСМИ ГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ Е ВО ЗАГУБА

Што се случува со финансиските резултати на 100те најголеми работодавачи?

Финансиските податоци за 100-те најголеми работодавачи во компаниите од приватниот сектор (без банки и осигурителни друштва) покажуваат дека, грубо пресметано, секоја осма од нив била во загуба во 2021 година. Имено, загуба имаат 12 фирми кои се наоѓаат на листата на 100 најголеми работодавачи. Нивната вкупна загуба е 28 милиони евра, а во овие компании работат 5.800 работници! Ако се бара добрата во лошата вест – факт е дека загубари нема меѓу првите 19 најголеми работодавачи, а таму се компаниите каде бројот на работници надминува по 1.000 вработени, при што на самиот врв, кај прворангираниот работодавач – Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ  – достигнува 5.626 вработени.

Порталот Пари заедно со платформата БизнисМрежа.мк анализира на кои големи работодавачи лани не им одело добро, и со каков минус ја стартувале 2022.

Износите се прикажани во ЕВРА

Анализата СЕКОЈ ОСМИ ГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ Е ВО ЗАГУБА можете да ја прочитате на следниот линк: http://pari.com.mk/alarmantno-sekoj-osmi-golem-rabotodavach-e-vo-zaguba/

ВИ НАЈАВУВАМЕ! ПОРТАЛОТ ПАРИ, ЕКСКЛУЗИВНО ЌЕ ЈА ПУБЛИКУВА ЛИСТАТА НА 100те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА

Редакција Пари

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • 100 најголеми работодавци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk