Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

10 чудни занимања кои се добро платени 

14 окт. 2021 г.·2 мин читање·2981 прегледи

Следете не на Viber

Дали знаевте дека може да ангажирате некого да го шета вашето куче, или едноставно да ве теши, кога некоја ваша блиска особа е почината? Бизнис Инсајдер состави список од 10 најчудни занимања.

  1. Лица кои извлекуваат отров од опасни змии, како што се кобрите. Отровот се користи за производство на противотрови и за други лабораториски цели, па затоа неговиот грам чини илјада долари.
  2. Професионални девојки кои ги вработувате доколку немате кој да ви ја игра таа улога на вашата свадба. Во моментов има компании кои ангажираат вакви професионални девојки, кои за да ги изнајмите би платиле од 300 до 2.000 долари.
  3. Луѓе кои поместуваат санта мраз. Тие ја бараат локацијата на ледениот брег и обезбедуваат безбедна рута за минување на бродот. Доколку е потребно, ледениот брег е целосно отстранет.
  4. Професионалци на жалост се лица кои можат да бидат ангажирани да го оплакуваат починатиот на неговиот погреб. Компанијата во Велика Британија која ги издава се вика „Rent A Mourner“ и наплаќа 70 долари за нивно изнајмување за два часа. Нешто слично постои и во Македонија, но едноставно не се наплаќа.
  5. Инструктори за сурфање за кучиња може да се најдат во бројни одморалишта покрај океаните. Тие се оние кои можат да ги научат кучињата да сурфаат на брановите.
  6. “Професионални гушкачи.” Луѓе што можете да ги најмите за да се гушкате со нив. Тие исто така наплатуваат 80 долари за еден час.
  7. Професионални телевизиски гледачи. Иако се чини дека ова е многу лесна работа, тоа се луѓе кои можат да најдат „клипови“ на одредена тема во различни ТВ-емисии што некому му се потребни.
  8. Лица кои украсуваат урни. Роднините понекогаш по кремирањето на починатиот бараат од уметникот да ја украси својата урна во која ќе се чува пепелта на починатиот.
  9. „Проценувачи на мирис“ се луѓе кои претежно работат во компании кои произведуваат гуми за џвакање, паста за заби или миење на устата. Тие ја проценуваат ефективноста на овие производи за да му укажат на производителот дали треба да се поправи нешто.
  10. Луѓе кои пробуваат храна за кучиња да проценат дали е квалитетна. Тие се ангажирани од производители на храна за кучиња, а кога ќе ја испробаат храната обично ја плукаат.

Клучни зборови

  • Бизнис Инсајдер
  • занимања
  • професии
  • професионалци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk