Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Џеф Безос повторно симнат од тронот – најбогат човек на светот: Бернард Арно е број 1

2 авг. 2021 г.·2 мин читање·4395 прегледи

Следете не на Viber

Џеф Безос повторно симнат од тронот – најбогат човек на светот. По пријавувањето на деловните резултати во вториот квартал, акциите на „Амазон“ паднаа за 7,6 проценти, па Безос, како најголем акционер, загуби најмногу – 13,9 милијарди долари. Сега, Францускиот бизнисмен Бернард Арно е новиот најбогат човек на светот.

Овој Французин, кого често го нарекуваат „папа во светот на модата“, е неспорно најбогатиот Европеец од 2018 година, кога неговото богатство беше проценето на нешто повеќе од седумдесет милијарди долари. Во последниве години, тој посериозно влезе во оваа трка од глобални размери, каде повремено заземаше едно од првите пет најбогати места.

Арно и Безос се менуваа на првото место во мај и јуни, но основачот на „Амазон“ седеше на престолот во последните 50 дена.

Французинот го зголеми своето богатство за повеќе од 100 милијарди долари во текот на минатата пандемиска година, но неговиот конгломерат стагнираше со деловни резултати оваа година, особено од почетокот на летото.

Кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, Арно излезе со идеја да ги собере најсилните брендови во Франција и Европа под еден покрив, а со тоа беше создадена и компанијата LVMH. Во следните години, компанијата спои многу од најпознатите светски брендови.

Арно поседува 47 проценти од акциите на компанијата која ги обединува брендовите како „Луј Витон“, „Моет & Чандон“, „Кристијан Диор“, „Тифани и Ко“.

Иако акциите на „Амазон“ загубија вредност, компанијата не забележа лоши резултати, само не толку добри како што се надеваа акционерите.

Американскиот гигант пријави 113 милијарди приходи, што претставува зголемување од 27 проценти во однос на истиот период минатата година, како и 7,8 милијарди нето добивка.

Сепак, Амазон предвидува дека приходите во третиот квартал ќе бидат помеѓу 106 и 112 милијарди, што е под претходните очекувања од 119 милијарди долари.

Падот на акциите на „Амазон“ влијаеше и врз богатството на поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, која доби дел од акциите во компанијата по разводот. Таа загуби 4,6 милијарди, па сега нејзиното лично богатство се проценува на 56 милијарди долари.

Клучни зборови

  • Амазон
  • Бернар Арно
  • најбогат на свет
  • Џеф Безос
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk