Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ја купи фирма од Сингапур, па добивката на винаријата ,,Сковин” скокна за 168-пати

28 авг. 2021 г.·2 мин читање·4489 прегледи

Следете не на Viber

Винаријата „Сковин“ минатата година ја завршила на 10-то место по остварен вкупен приход меѓу сите винарски визби во Македонија и со добивка која е за 168 пати поголема отколку во 2019 година!

Сепак, во апсолутни бројки, податоците не се така импозантни, но покажуваат дека на „Сковин“ добро му тргна откако во 2019 година, Балкан Холдингс ПТЕ.ЛТД од Сингапур го купи брендот „Сковин“ и продолжи со работа како „Винаријасковин група“.

Податоците од БизнисМрежа.мк покажуваат дека „ „Винаријасковин група“ лани остварила вкупен приход од 2,6 милиони евра. Во 2019 година пак, вкупниот приход на компанијата бил само 130.000 евра. Минатогодишната добивка, пак, била околу 35.000 евра, додека во 2019 година имала добивка од едвај 200 евра,. Во 2018 година, пак, била во загуба.

Најголем дел од своето вино ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА го пласира во регионот и на пазарите од Европската Унија. Други знaчајни пазари на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сè повеќе се зголемува. Вината на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА можат да се најдат и во прекуокеанските земји, како Австралија, Канада и САД.

Винарницата „Сковин“ беше во сопственост на „Фершпед“, а недвижниот имот (деловни и помошни простории и градежно земјиште), подвижниот имот (инвертар, возила и механизација) и залихите (шишиња и етикети согласно спецификација од 16 август годинава) се продадени за околу 3,5  милиони евра, а трговските марки беа продадени за 5.000 евра.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • зголемена добивка
  • сковин
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk