Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Јапонија: Машиновозач ја тужи компанијата за намалување на платата од 40 центи!

12 ное. 2021 г.·2 мин читање·2338 прегледи

Следете не на Viber

Машиновозач во Јапонија ја тужел компанијата во која работи, откако таа му одземала 56 јени (40 евроценти) од платата поради краткотрајно доцнење на железничкиот сообраќај во земјата која е позната по својата точност.

Џеј Ар Вест ја намалил платата на вработениот поради инцидент во јуни во кој возовите доцнеле една минута.

Во образложението на компанијата се наведува дека на возачот му била одземена платата бидејќи не работел во таа минута.

Сега машиновозачот бара оштета од 2,2 милиони јени (околу 16.800 евра) поради психичките проблеми што наводно му ги предизвикал овој случај.

Јапонскиот сајт Soranjuz24 објави дека машиновозачот требало да вози празен воз до станицата Окајама на југот на земјата, но пристигнал на погрешна платформа чекајќи да ја преземе смената од колега.

Но, кога сфатил дека згрешил, побрзал на десната платформа, примопредавањето на смената доцнело две минути, а тоа потоа довело до една минута доцнење на тргнувањето на возот од перонот.

Поради сето тоа складирањето на возот во депото доцнело една минута.

Џеј Ар Вест првично го намали планот на вработениот за 85 јени (0,64 центи), но подоцна ја намали казната на 56 јени бидејќи машиновозачот го пријавил случајот во трудовиот инспекторат во Окајама.

Вработениот одбил да ја прифати казната и тврди дека доцнењето не предизвикало вистински нарушувања во возниот ред, ниту пак им донело проблеми на патниците бидејќи возот за време на инцидентот бил празен.

Но, компанијата тврди дека го применила принципот „нема работа, нема плата“, како што би било во случај вработен да доцни на работа или неоправдано отсуство.

Возачот го однел случајот до Окружниот суд во Окајама во март, каде што сега бара отштета.

Познато е дека јапонскиот железнички сообраќај е многу сигурен.

Во 2017 година, железничката компанија им се извини на патниците затоа што еден од нејзините возови ја напушти станицата 20 секунди порано.

А ако возот доцни повеќе од пет минути, на патниците им се издава потврда што можат да ја користат како изговор за доцнење.

Клучни зборови

  • јапонија
  • машиновозач
  • оштета
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk