Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЈАНА И АВТ за малите пациенти на Детската Клиника во Скопје

9 авг. 2021 г.·2 мин читање·1428 прегледи

Следете не на Viber

Јана и АВТ започнаа хуманитарна акција „Капка радост за малите херои!“ со цел собирање на средства за Детската Клиника во Скопје.

Со купување освежителни пијалоци од асортиманот на брендот Јана во период од 01 Август до 31 Октомври 2021 год. во сите маркети на Тинекс и Космо помагате да се соберат средства за Детската Клиника во Скопје.

Од секој купен производ негазирана природна минерална вода Јана дел од средствата ќе бидат издвоени за Детската Клиника во Скопје.

Зошто Детска Клиника во Скопје?

Клиниката за детски болести е единствена терцијарна јавна здравствена установа во Република Македонија која преку своите субспецијалистички клиники, оддели и лаборатории  ги дијагностицира и третира најсложените болести кај децата и спроведува истражувања, евалуација и едукација од областа на здравствен третман, со цел подобрување на квалитетот на животот и спасување на детски животи.

Мисијата на Универзитетската Клиника за педијатрија е на децата и нивните семејства да им понуди здрава иднина преку супериорна детска нега, едукација и истражување. Оваа мисија вклучува три основни активности, кои се дел од секојдневната работа на Клиниката, а тоа се грижа за пациентите, едукација на идните генерации на педијатри и истражувања во областа на педијатријата.

Брендот Јана секогаш се труди да им помогне на оние на кои им е најпотребно. Бидејќи минатата година беше исклучително тешка за сите, особено за најранливите групи, Јана и АВТ, во соработка со Тинекс и Космо, решија да и помогнат на Детската Клиника во Скопје и ги повикуваат граѓаните да помогнат заедно да создадеме разлика, односно подобра иднина за најмилите со свој придонес и мал знак на внимание. Со оваа заедничка акција ќе го реновираме Одделот за Нефрологија при Детската Клиника, со што ќе овозможиме подобри услови на здравствена заштита на нашите најмили.

Ви благодариме на хуманоста!

ПР Објава

Клучни зборови

  • Вода Јана
  • Детска Клиника
  • Космо
  • тинекс
  • хуманитарна акција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk