Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ѓоковиќ и семејството Чифлиганец отворија градинка близу Златибор

21 мај 2021 г.·3 мин читање·1536 прегледи

Следете не на Viber

Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „проф.д-р Ванчо Чифлиганец“ со Адора Бизис Групацијата, како главни партнери во заедничка хумана мисија отворија нова градинка во село Љубиш, во близина на Златибор и покажаа дека хуманоста нема граници. Се работи за нова градинка во рурална средина во општина Чајетина во Србија и е дел од проектот на Фондацијата Новак Ѓоковиќ да се развијат и да не се отселуваат луѓето од помалите места. Градинката во селото Љубиш, кое се наоѓа на само неколку километри од Златибор е 46-та по ред ново отворена градинка чија цел е да им се обезбеди на децата од предучилишна возраст од помалку развиените средини да можат да учат и да играат во безбедна и креативна средина.

На отворањето на градинката присуствуваа градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кој им се заблагодари на двете Фондации за хуманата мисија, во името на жителите и децата од селото Љубиш, чија радост беше огромна. Благодарница до главниот партнер во оваа хуманитарната акција, менаџментот на Адора, проф.д-р Ванчо Чифлиганец и Душко Чифлиганец им врачија лично, Новак и Јелена Ѓоковиќ.

„Една детска насмевка вреди повеќе од сè на светот“, истакна Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, потенцирајќи дека е огромна чест да се соработува со Фондација од глобален ранг и со семејството Ѓоковиќ, а среќата и задоволството што се овозможува подобро образование во најраната возраст, чиj квалитет е клучен за подобро утре, се неизмерни.

Со соработката со Фондацијата Новак Ѓоковиќ, Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата проф.д-р Ванчо Чифлиганец ја продолжуваат општествено корпоративната традиција секогаш да враќаат нешто назад во средините во кои имаат деловни активности.

Адора како растеше во изминативе 20 години постојано инвестираше во градењето на подобро општество за сите, вложувајќи повеќе од 5 милиони евра во спортот, здравството, културата, образованието. Филантропската мисија на Адора, продолжува и во Србија, Златибор, каде што Адора Бизнис Групацијата и нејзината новоформирана компанија, претставник на српскиот пазар, Adora Living Solutions го градат станбено деловниот комплекс од 7.000 м2, под називот „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora“.

Комплексот има 100 стана, надополнети со голем број содржини за планинско уживање, базен, спа и велнес центар, ресторан, теретана, двор за релаксација, детска игротека, конференциска сала, инвестиција вредна 15 милиони евра во двете насоки.

Клучни зборови

  • Адора Бизис Групација
  • градинка
  • донација
  • Душко Чифлиганец
  • Новак Ѓоковиќ
  • проф.д-р Ванчо Чифлиганец
  • Фондација
  • хумана мисија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk