Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со понуда на нови пакети за целосна мобилност

2 фев. 2022 г.·2 мин читање·1382 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје продолжува со ширење на својата лепеза на производи и услуги со промоција на новите иновативни пакети за целосна мобилност наменети за сите корисници на лизинг услугите.

“Шпаркасе лизинг како водечка компанија на лизинг пазарот во Македонија следејќи ги трендовите, покрај стандардното финансирање по пат на финансиски и оперативен лизинг ги засилува своите активности во делот на мобилноста и понуда на дополнителни услуги со додадена вредност за своите корисници”, изјави Марјан Манчев, Извршен директор на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје.

Сите пакети на мобилност ги содржат услугите помош на пат (Македонија и Европа), 24/7 контакт центар со бесплатен телефонски број, мобилна апликација и заменско возило, со што на корисниците им се овозможува непречено движење и мобилност.

Корисниците можат да одберат помеѓу пакетите Мобилност Комфорт, Мобилност Комфорт Плус и Мобилност ВИП.

Пакетите за мобилност започнуваат со цена од МКД 399 месечно, без разлика на одбраниот бренд на возило кое го финансира Шпаркасе Лизинг Доо Скопје.

Сите детали може да се добијат на веб страната Sparkasse lizing – Шпаркасе Лизнинг Мобилност (s-leasing.mk) .

Клучни зборови

  • Марјан Манчев
  • Мобилност ВИП
  • Мобилност Комфорт
  • Мобилност Комфорт Плус
  • Шпаркасе Лизинг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk