Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Шпаркасе Банка со нов повик за програмата „чекор по чекор“ наменета за поддршка на старт-ап бизниси

16 ное. 2021 г.·2 мин читање·991 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Банка објави нов повик за учество во програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка на старт-ап бизнисите во Република Македонија. Преку оваа програма Шпаркасе Банка веќе четврта година по ред на стартапите им овозможува пристап до потребните финансиски средства за развој на нивните микро и мали компании, како и вклучително едукација и менторство за правилен развој и одржливост на бизнис-идеите.

Програмата „Чекор по чекор“ е прва акцелераторска програма од овој вид во Република Македонија, која беше лансирана во октомври 2018 година во соработка со партнерите Business Impact Lab и Startup Academy. Целта на програмата е да им обезбеди парична и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на развој на сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износи до 25.000 евра, вклучително со пакет од образовна, финансиска и менторска поддршка.

Шпаркасе Банка АД Скопје во претходните три циклуси успешно ја реализираше програмата „Чекор по чекор“ во соработка со партнерите Business Impact Lab и Start Up Academy, кои беа задолжени за спроведување 8 различни образовни модули наменети за едукација на старт-ап менаџерите за квалитетна изработка на потребните бизнис-планови. Но, исто така со своето менторство ги насочуваа стартапите како правилно да ги употребат финансиските средства и да ја продолжат инвестициската активност за да го обезбедат потребниот фиксен капитал.

Програмата „Чекор по чекор“ е наменета за компании што се регистрирани пред помалку од 24 месеци и кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства и едукација за унапредување на нивните претприемачки вештини, кои се наоѓаат во старт-ап фаза или во фаза на развој на бизнис-идеја и вработуваат еден или помалку од 10 вработени.

Повеќе информации за програмата „Чекор по чекор“ погледнете на веб-страницата на Банката (www.sparkasse.mk), а сите заинтересирани учесници во четвртиот циклус ги покануваме да се пријават со пополнување онлајн апликација на следниот линк.

Клучни зборови

  • Чекор по чекор
  • шпаркасе банка
  • Шпаркасе банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk