Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Шпаркасе Банка со нови промотивни услови за кредитните и за депозитните производи за физички лица

12 сеп. 2022 г.·2 мин читање·1396 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со воведување новитети и атрактивни услови во кредитната и депозитната понуда за население, во согласност со својата стратегиска определба за обезбедување континуирана финансиска поддршка на своите клиенти и излегување во пресрет на нивните потреби.

До крајот на годината, клиентите можат да аплицираат за S Plus ненаменски потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка од 4,8% за првите 2 години,  без административни трошоци за обработка на барањето, со брза и едноставна постапка на одобрување, без жиранти со рок до 120 месеци и максимален износ до 1.500.000 денари.

Сите заинтересирани клиенти за станбен кредит, можат да го добијат со фиксна каматна стапка од 3,10% за првите 5 години или фиксна каматна стапка од 3,30% за првите 10 години без нотарски трошоци и без административни трошоци за обработка на кредитното барање.

Шпаркасе Банка ги продолжува промотивните услови и кај депозитите, со што депозитната понуда за население продолжува да биде и понатаму атрактивна за депонентите. Па, така, сите клиенти што до 31.12.2022 г. ќе се одлучат за Депозит плус добиваат 2,20% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 24 месеци, односно 2,40% за штедење на 36 месеци. Депозит плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период.

Истовремено, во понудата на депозитни производи останува Депозит прогрес, со што поволните каматни стапки за овој производ ќе важат до крајот на годината. Со Депозит прогрес, колку подолго штедите, толку повеќе се зголемува каматната стапка, односно таа расте паралелно со периодот на орочување. Каматните стапки се гарантирани и непроменливи за целиот период на орочување, а постои и можност за дополнителни вложувања.

Искористете го промотивниот период до крајот на годината и остварете го сонот за свој сопствен дом или, пак, исполнете ги своите мали и големи желби со Шпаркасе Банка – Вашиот финансиски партнер од доверба, дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе групацијата, со традиција во банкарското работење од близу 200 години.

Клучни зборови

  • фиксна каматна стапка
  • шпаркасе банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk