Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Шпаркасе Банка најдобри во класата – Активација за кампањата „Happy VISA Weekends“

3 авг. 2022 г.·2 мин читање·974 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Банка АД Скопје го доби признанието Најдобри во класата – Активација за кампањата „Happy VISA Weekends“ од страна на долгорочниот партнер Visa.

Кампањата што ја спроведе Банката во текот на 2021 година, беше оценета за најдобра во класата VISA Активација.

Чест ни е што VISA, водечката светска компанија и глобален авторитет во дигиталните плаќања, ја препозна иницијативата на Шпаркасе Банка за понуда на иновативни картични производи и креирање дополнителна вредност за своите клиенти при реализација на безготовински плаќања. Станува збор за наградна игра наменета за сите корисници на платежни картички за физички лица од брендот VISA, а услов за учество беше корисниците да реализираат најмалку една поединечна трансакција на продажните места и е–commerce трансакции во земјата и во странство, во висина од најмалку 500 денари.

На најсреќните учесници им беа доделени 70 ваучери за патување во РС Македонија и главна награда – автомобил „KIA SPORTAGE“.

Горди сме на сите успешни проекти и соработки низ годините со VISA и истовремено упатуваме голема благодарност за добиеното признание, но и до нашите клиенти за нивната доверба и лојалност, и фактот што ја избраа Шпаркасе Банка за свој сигурен и стабилен финансиски партнер.

Шпаркасе Банка и понатаму останува посветена на креирање понуди на иновативни производи, квалитетни услуги, но и обезбедување дополнителна вредност за нашите клиенти и поддршка на заедницата. Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури.

Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

Клучни зборови

  • признание
  • Шпаркасе банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk