Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

Шпаркасе Банка: Информација за исплата на пензии – март 2023

28 мар. 2023 г.·2 мин читање·2154 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека пензиите за месец март 2023 година ќе се исплаќаат од 28.03.2023 година (вторник) за сите корисници на пензии кои имаат картички.

Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Користите ја широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република  Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците, препорачуваат од банката.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

– Во вторник, 28.03.2023 год, ќе се ислатат пензиите со износ до 11.000 денари;

– Во среда, 29.03.2023 год,  ќе се исплатат пензиите од 11.001 до 14.000 денари;

– Во четврток, 30.03.2023 год, ќе се исплатат пензиите од  14.001 до 18.000 денари;

– Во петок, 31.03.2023 год, ќе се исплатат пензиите над 18.001 денари.

 

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти, апелираат од банката.

Клучни зборови

  • шпаркасе банка
  • Шпаркасе банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk