Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Шпаркасе Банка им додели стипендии на студенти од Економскиот факултет – Прилеп

4 окт. 2022 г.·3 мин читање·4526 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе Банка им додели три студентски стипендии на тројца студенти запишани во прва година на прв циклус студии на Економскиот факултет – Прилеп, во согласност со Конкурсот за запишување студенти  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во акaдемската 2022/2023 година.

Пружањето поддршка на студентите и оваа година претставува продолжување на успешната соработка што Шпаркасе Банка и Економскиот Факултет во Прилеп ја имаат веќе неколку години. Двете институции имаат склучено заеднички меморандум за соработка, кој вклучува размена на знаења и заеднички активности во различни научни и едукативни области, како и во решавање научни проблеми од заемен интерес.

„Шпаркасе Банка има долгогодишна соработка и поддршка во сферата на високото образование и наука со Економскиот факултет – Прилеп. Така и оваа година им доделуваме три стипендии на тројца студенти од овој факултет. Веруваме во континуиран развој, едукација и учење, па во таа насока Шпаркасе Банка АД Скопје веќе неколку години по ред овозможува одреден број студенти да изведуваат практична настава во Банката, со цел запознавање со основите на банкарското работење и непосредно запознавање на процесот на работа. Како банка, веруваме дека на тој начин студентите директно ги надополнуваат стекнатите знаења и го унапредуваат својот професионален развој и способности, што подоцна им овозможува успешно да настапат на пазарот на трудот. Па, така, некои од студентите што извршуваа практика кај нас, веќе се дел од тимот вработени на Шпаркасе Банка.

Исто така, во октомври Шпаркасе Банка отвора нов Шпаркасе Центар за обука, во чии рамки ќе ја возобнови Академијата Млад банкар, а студентите и тука ќе имаат можност за понатамошна доедукација, практика, обука и кариерен развој“, изјави Билјана Санев, директорката на Дирекцијата за човечки ресурси.

Шпаркасе Банка верува во потенцијалот на студентите што не се плашат да работат на себе, да учат, да осознаваат и да се развиваат во насоката што ја избрале за своја иднина. Со огромна радост застанува во поддршка на нивниот труд и на нивните соништа и ги охрабрува да веруваат во себе.

Клучни зборови

  • Економскиот факултет – Прилеп
  • Стипендии
  • Шпаркасе банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk