Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

Шпаркасе банка известува за исплата на парични права од социјална и детска заштита

3 мар. 2021 г.·2 мин читање·1188 прегледи

Следете не на Viber

Шпаркасе банка ги известува своите клиенти дека од 04.03.2021 година (четврток), паричните исплати за паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита за месец февруари, ќе биде на располагање за корисниците на дебитни картички.

Останатите корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во експозитурите на Банката согласно воспоставен распоред по азбучен ред по презимето на лицето и тоа:

  • На 4 март (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
  • На 5 март (петок) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

Воедно Банката препорачува, средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкоматите на ШпаркасеГрупацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA.

За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

За поголема заштита на Вашето здравје, Шпаркасе банка Ве упатува за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

Клучни зборови

  • исплата парични права од социјална заштита
  • социјална заштита
  • Шпаркасе банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk