Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Вработување

Шпаркасе Банка го проширува својот тим во Скопје

28 јул. 2021 г.·4 мин читање·1801 прегледи

Следете не на Viber

Станете дел од професионален тим и изградете ја својата кариера на успешен банкар во Шпаркасе Банка . Поради зголемениот обем на активности, Шпаркасе Банка го проширува својот тим во Скопје. Доколку сте мотивирани и имате желба да станете дел од нашиот тим, Ве повикуваме да аплицирате за вработување на отворените работни позиции.

ОТВОРЕНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ: БЛАГАЈНИК СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ

ЛОКАЦИЈА: ЕКСПОЗИТУРА СКОПЈЕ

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и преку 35 експозитури. Одговорното банкарско работење и стабилноста се приоритет на Банката. Иновативноста и агилноста се наша движечка сила, а довербата и тимскот дух се вредности кои ги обединуваат сите наши вработени.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: БЛАГАЈНИК

ШТО ЌЕ БИДАТ ВАШИ ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА БЛАГАЈНИК

  • Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби
  • Ги препознава потребите на клиентите, воспоставува иницијални контакти, ги информира за видовите на депозити, условите за орочување и важечките каматни стапки
  • Ги спроведува сите готовински и безготовински трансакции со клиенти на благајна – физички и правни лица
  • Врши работи од доменот на менувачкото работење, водење на сметки, постапување по барања од клиентите (барање на производ/услуга, пријава/одјава на пензии, и др.)
  • Спроведува трансакции за електронски трансфер на пари преку компанија со која Банката има деловна соработка согласно законската регулатива
  • Ги остварува продажните цели за продажба на производи и услуги од секојдневно банкарство

ШТО ТРЕБА ДА ПОСЕДУВАТЕ КАКО КВАЛИФИКАЦИИ

  • Минимум ССС, економска насока /гимназија
  • Способност за прилагодување на динамична работна атмосфера, подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон клиенти
  • Поседување интегритет, доверливост, прецизност, точност и аналитичност во работењето
  • Претходно работно искуство во банка или финансиска организација ќе се смета за предност

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ

ШТО ЌЕ БИДАТ ВАШИ ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО НАСЕЛЕНИЕ

  • Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – од моментот на продажба на одреден производ до понатамошно сервисирање на клиентот со постојан мониторинг на односот, неговото задоволство и антиципирање на идните потреби
  • Поседува продажни вештини за промоција и продажба на производите на Банката, лично, телефонски ,преку е-маил и директна промоција, одговорен е за реализација на зададените комерцијални цели согласно насоките на деловната политика на ниво на експозитура
  • Подготвува понуда на целосна палета на продукти и услуги на Банката согласно потребите и можностите на клиентите, превзема мерки со цел искористување на потенцијалот на постојното портфолио, зголемување на бројот на производите кои ги користи клиентот (cross sell/ up-sell)
  • Го надгледува пласманите и наплатата – следење на уредноста во подмирувањето на обврските на клиентите, нивно контактирање, координација на работата со службите за наплата
  • Врши активности во рамки на овластувањата од лиценците здобиени од надлежни органи (на пр. застапување во животно осигурување и слично) согласно применливите законски прописи ШТО ТРЕБА ДА ПОСЕДУВАТЕ КАКО КВАЛИФИКАЦИИ
  • Минимум ССС економска насока /гимназија; пожелно ВСС / Економски факултет или соодветно високо образование
  • Способност за самостојно донесување на одлуки, водење на сопствено портфолио од аспект на квантитет и квалитет, ориентираност кон резултат и тимска работа
  • Одлични комуникациски и продажни вештини, професионален однос и деловен бонтон
  • Организациски вештини, способност за одредување приоритети, способност за работа во динамично окружување
  • Претходно работно искуство во банка или финансиска организација ќе се смета за предност

ШТО СЕ ВАШИТЕ ПРИДОБИВКИ

  • Кариерен развој во банкарска групација Erste & Steiermärkische Sparkasse, пристап до групацискиот “know-how”
  • Учество на обуки и семинари, континуирано надоградување и усовршување, како и пренос на знаења и искуства од искусни професионалци преку менторство
  • Корпоративни настани, тимски дух, динамична работна атмосфера

РАБОТНО ВРЕМЕ

  • Работно време: 40 работни часа во текот на работната недела, со почеток од 08:00 – 09:00 часот до 16:00 – 17:00 часот
  • Вредности кои ги практикуваат сите наши вработени: извонредност, доверба, агилност, страст, партнерство Вашето CV и мотивационо писмо доставете ги на hr@sparkasse.mk заклучно со 06.08.2021 со задолжителна назнака „Апликација за Благајник – Скопје“ или „Апликација за Соработник за односи со население – Скопје“ Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју. За дополнителни информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk.  #ЗаеднoМожемеПовеќе

Клучни зборови

  • експозитура
  • Оглас за вработување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk