Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

Шпанија им ги враќа парите на луѓето, кои лани биле казнети поради карантинот

28 окт. 2021 г.·1 мин читање·1008 прегледи

Следете не на Viber

На сите шпански државјани кои биле казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат вратени парите, потврдиле од полицијата

Државата се одлучила на овој потег откако Уставниот суд на почетокот на оваа година пресуди дека првата вонредна состојба, која Шпанија ја прогласи минатата година од 14 март до 21 јуни, во која сите граѓани, освен оние кои се вработени на итни работни места, мораа да останат во куќите е неуставна, пренесува АП.

Полицијата во тој период казнила граѓани кои ја прекршиле наредбата да останат дома, како и други мерки со 1,1 милион евра, иако не биле веднаш наплатени сите казни.

Во Шпанија, од почетокот на пандемијата се пријавени речиси пет милиони случаи на инфекција, при што умреле најмалку 87.000 луѓе.

Досега 78 отсто од оние кои можат да ја примат вакцината се целосно вакцинирани во таа земја, потсетува АП.

Клучни зборови

  • карантин
  • Шпанија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk