Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Шахпаска: Со новиот Закон за работни односи ја олеснуваме работата на сезонските работници и во земјоделието

11 дек. 2021 г.·2 мин читање·1036 прегледи

Следете не на Viber

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска оствари средба со претставници од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). На средбата се разговараше за „Проектот за подобри услови за вработување на сезонски работници во Република Македонија“. Проектот за регистрирање на сезонските работници преку донесување на нови или дополнување на постојните законски решенија за употреба на софтверско решение, а е поддржан од ГИЗ, треба да го имплементира Центарот за истражување и креирање на политики – ЦИКП – Скопје. Министерката Шахпаска посочи дека секоја помош е добредојдена во формализирање на неформалната економија.

„Ние сме свесни колку е значајно неформалната економија да се формализира. Го финишираме драфот на новиот Закон за работни односи кој овозможува поголема заштита на работничките права, особено во делот на сезонската работа, односно сезонските работници. Во него се предвидени одредби кои овозможат работодавачот со плаќање на придонеси во зимскиот период да си обезбеди работна квалификувана сила од претходната сезона, за следната година. На тој начин, сезонските работници ќе имаат сигурност во периодот во кој што не одат на работа“, рече Шахпаска.

Според претставниците на ГИЗ, од посебна важност е подигање на свеста кај работниците за тие да почнат да го употребуваат електронскиот систем за регистрирање сезонски работници во земјоделството, односно на ранливите групи на граѓани. Со формалното регистрирање на работниците освен што се решава нивниот статус, фармерите и земјоделските претпријатија ќе ги почувствуваат придобивките од пријавениот труд. На овој начин ќе се намали неформалниот работен ангажман.

Со „Проектот за подобри услови за вработување на сезонски работници се очекува зајакнување на капацитетите на јавните институции и надлежните министерства и зајакнување на соработката меѓу институциите и интегрирање на податочните бази од повеќе јавни институции со цел подобро евидентирање и следење на состојбите.

Овој проект претставува продолжување на Проектот – Зголемување на можностите за вработување на сезонските работници во регионот на Југоисточна Европа во 2019 и 10/2020 година, кој исто така го имплеменитраше ГИЗ и Националната алијанса за локален економски развој (НАЛЕД) од Република Србија, ЦИКП – локален партнер.

Клучни зборови

  • ГИЗ
  • јагода шахпаска
  • сезонски работници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk