Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Четврток од 18 часот: Бизнис Кафе со Никола Бубески, Ангелина Блажеска и Филип Петровски

31 окт. 2022 г.·3 мин читање·706 прегледи

Следете не на Viber

Основачите на водечките технолошки стартапи и иновативни компании како Native Teams, FitKit и Data Masters ќе бидат гости-говорници на јубилејното 40-то издание на Бизнис Кафе Македонија.

Водечкиот бизнис-нетворкинг настан во земјава ќе се оддржи во четврток (3 ноември) во Среќа Бар (кај Американ Колеџ), со почеток од 18:00 часот.

Присутните на Бизнис Кафе-то ќе имаат можност да слушнат за тоа како овие тројца млади бизнис лидери ги развивале своите компании, кои биле нивните почетни предизвици и што се научиле во патот досега. Во нетворкинг делот ќе може со нив да се запознаат и да ги прашаат за совет или разрешување на некоја своја бизнис дилема.

Никола Бубевски e Co-Founder & Vice President of Commercial Operations во Native Teams – fintech платформа за интернационални плаќања за remote работа.

Платформата нуди можности за флексибилни плаќања и вработување и е достапна во 40+ држави во светот за фриленсери, компании и секој кој сака да работи интернационално.
Никола е задолжен за водење на стратегиски глобални операции на компанијата, води интернационален тим кој нуди локална поддршка за компании и фриленсери кои работат глобално, а воедно е и еден од основачите на компанијата во Македонија- местото од каде започна цела приказна на Native Teams.

Ангелина Блажевска е ко-основач на FitKit и Coach Foods. Пет години по лансирањето FitKit e дигитален лидер на фитнес и велнес просторот во Северна Македонија. Ангелина му помогна на стартапот да стане најголемиот фитнес провајдер со повеќе од 2500 месечни активни корисници. Во FitKit, таа е одговорна за оперативно планирање, стратегија и анализи.

Филип Петровски е основач и Data Architect на Data Masters, компанија специјализирана во областа на Data Science која има свои канцеларии во Скопје и Лисабон. Тој е магистер по менаџмент на информации, специјализиран во бизнис-интелигенција и менаџмент на знаење.Како главен архитект на Дата Мастерс дизајнира комплексни аналитички решенија за компании во Португалија, Македонија и Обединетите Арапски Емирати. Главниот фокус на Филип и Дата Мастерс е поддршка на менаџментот на компаниите во носењето на одлуки со користење на информации и консалтинг по дигитална трансформација на компаниите во Data Driven компании.

Влезницата за настанот изнесува 300 денари во кои е вклучен кафе пијалок од организаторот.

Бидејќи капацитетот на локалот е со ограничен број на места, потребно е претходно да направите резервација на следнава е-маил адреса: mkbizniskafe@gmail.com или да ни пишете на нашиот ФБ пејџ (https://www.facebook.com/bizniskafe.mk).

Клучни зборови

  • Coach Foods
  • Data Masters
  • FitKit
  • Native Teams
  • Ангелина Блажевска
  • Никола Бубевски
  • Филип Петровски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk