Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Центрарлниот депозитар за хартии од вредност ѝ додели плакета на Народната банка за успешна соработка

9 окт. 2021 г.·2 мин читање·1898 прегледи

Следете не на Viber

Во рамките на активностите за одбележување 20 години од основањето на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, денес, беше остварена средба помеѓу извршната директорка на Депозитарот, Даринка Дамјановиќ и гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

Во оваа прилика, на Народната банка ѝ беше доделена плакета во знак на благодарност за 20-годишната успешна соработка на двете институции.

Имено, Народната банка има клучна улога во извршувањето на една од најважните функции на Депозитарот ‒ паричното порамнување при тргувањето со хартиите од вредност, како и организација на примарниот и секундарниот пазар на државни хартии од вредност, придонесувајќи кон стабилноста на овој сегмент на пазарот на капитал. Исто така, двете институции имаат плодна соработка во изготвувањето и остварувањето проекти за одржување и развој на стабилни и модерни платни системи, во делот на порамнувањето на трансакциите со хартии од вредност коишто се склучуваат на Македонската берза за хартии од вредност и на Пазарот преку шалтер организиран од Народната банка на Република Северна Македонија.

Соработката помеѓу Депозитарот и Народната банка е силна и во областа на статистиката, преку обезбедување навремени и квалитетни податоци за домашно тргуваните хартии од вредност. Информациите од Централниот депозитар се користат за подготовка на статистички податоци, согласно со пропишаните национални и меѓународни стандарди, коишто претставуваат основа за донесување одлуки засновани на докази (факти), во доменот на монетарната и економската политика.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Даринка Дамјановиќ
  • Народната банка
  • плакета
  • Централниот депозитар за хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk