Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Централ Инвест на Анѓушев изгради нова сончева електрана, поевтина домашна струја за стопанството

8 окт. 2022 г.·2 мин читање·774 прегледи

Следете не на Viber

Се зголемува домашното производство на електрична енергија. Почна со производство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од 8 мегавати, во близина на Кочани.

Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога стопанството и големите индустриски потрошувачи бараат поевтина струја, не можејќи да ги издржат цените на берзата.

,,Им овозможуваме на компаниите енергија по цени кои се далеку под просечните берзански цени, со што покажуваме и општествена одговорност и грижа кон одржливоста на економијата. Ова е начин приватниот енергетски сектор да помогне во кризата,“ вели менаџерот на проектот ФЕЦ Тркање, Крсте Илијески.

Произведената струја, преку компанијата РЕС (Reneweble Energy Supply), во форма на зелена енергија ќе оди до домашните компании по фиксни цени, кои се значително пониски во однос на берзанските цени, со што ќе се направат директни заштеди во компаниите.

ФЕЦ Тркање ќе има годишно производство од околу 15.100 мегават часови, што покрива годишна потрошувачка на град со 15.000 жители.

Електраната е во сопственост на фирмата Централ Инвест, а е целосно проектирана и изведена од фирмите во рамките на Феро Инвест.

Централ Инвест и Феро Инвест на Кочо Анѓушев произведуваат струја преку електрани од обновливи извори, од вода, сонце, а во тек е градба и на електрана на биогас, со што уште повеќе ќе се зголеми домашното производство на струја, кое македонските фирми го бараат како поевтина алтернатива за скапата увозна струја.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Кочо Анѓушев
  • Крсте Илијески
  • обновливи извори
  • Феро Инвест
  • ФЕЦ Тркање
  • фотоволтаична електро централа
  • Централ Инвест
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk