Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Цените растат: САД се соочува со највисок скок на инфлацијата во изминатите 12 години

13 мај 2021 г.·2 мин читање·1001 прегледи

Следете не на Viber

Минатиот месец, потрошувачките цени на САД забележаа најголем пораст во изминатите 12 години како резултат на експлозивното зголемување на побарувачката во услови на ограничена понуда. Тоа, според американски медиумми што може дополнително да ги разгори стравувањата на финансискиот пазар од подолг период на повисока инфлација.

Министерството за труд на САД денеска објави дека инфлацијата скокнала за 0,8 проценти на месечно ниво во април, откако порасна за 0,6 проценти во март. Тоа е најголемо месечно зголемување од јуни 2009 година.

Цените на храната во САД се зголемија за 0,4 проценти во април, додека цените на бензинот паднаа за 1,4 отсто по зголемувањето за 9,1 отсто во март. Сепак, цената на бензинот најверојатно повторно ќе порасне во мај, бидејќи пумпите низ целата земја веќе остануваат без гориво откако делумно беше затворен „Колонијал гасовод“ по хакерски напад врз компанијата минатиот петок.

На годишно ниво, инфлацијата се зголеми за 4,2 проценти во април, што е најмногу од септември 2008 година.

Клучни зборови

  • инфлација
  • пораст
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk