Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Цената на нафтата повторно расте

20 апр. 2021 г.·3 мин читање·991 прегледи

Следете не на Viber
Прекумерните резерви на нафта што се акумулираа за време на пандемијата се скоро исчезнати. Цените на нафтата, коишто значително се зголемија минатата недела поради добрите прогнози за закрепнување на побарувачката, во понеделникот останаа на тоа ниво. Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) минатата недела објави дека една петтина од вишокот залихи на нафта од јули минатата година се оставени во резервоарите.

Според последните податоци на IEA, има на располагање околу 57 милиони барели повеќе од просекот за периодот 2015-2019 година, додека во јули минатата година залихите беа проценети на максимум 249 милиони барели. Аналитичарите на инвестициската банка Ситигруп проценија дека остатокот од вишокот резерви е скоро целосно во Кина, што прави резерви на нафта, пренесува РТ.

Комерцијалните залихи на нафта и нејзините деривати во земјите низ ОЕЦД веќе се спуштија на нивниот петгодишен просек. Според податоците од минатата недела на Администрацијата за енергетски информации на САД (ЕИА), залихите на источниот брег на САД паднаа на најниско ниво во последните 30 години.

Ревизијата на прогнозата на земјите од ОПЕК предвидува раст на побарувачката, заснована врз очекувањата за посилно закрепнување на економијата оваа година. ОПЕК предвидува дека побарувачката во 2021 година ќе се зголеми за 5,95 милиони барели на ден или 6,6 проценти, или 70 000 барели повеќе отколку во март прогнозата, објави ThisDay.

Според ОПЕК, ревизијата во голема мерка зела предвид посилно економско закрепнување отколку што се очекуваше минатиот месец, благодарение на новите стимулации и олеснувањето на строгите епидемиолошки мерки. Ревизијата означува промена на трендот во предвидувањата на ОПЕК, кои досега беа сè поскромни поради постојаните блокади.

Доколку прогнозата на ОПЕК се покаже како точна, залихите на нафта во втората половина на оваа година треба да паднат со стапка од 2,2 милиони барели на ден, што може да ја зголеми цената на нафтата од Северното море на Брент на 74 долари за барел, додека е во моментов се тргува околу 67, 15 долари за барел. Тоа е највисоката цена во последниот месец. Да потсетиме, нафтата Брент ја надмина цената од 70 долари за барел на 8 март, пред одеднаш да ја изгуби вредноста.

ОПЕК ја зголеми прогнозата за раст на светската економија во 2021 година од 5,1 на 5,4 проценти, под претпоставка дека влијанието на пандемијата ќе биде „во голема мера зауздано“ на почетокот на втората половина на годината. Најголемиот дел од растот оваа година се предвидува да се случи во вториот и третиот квартал, со очекуван раст на глобалната побарувачка.

Според проекциите на аналитичарите на Ситигруп, кои сметаат дека цената на нафтата Брент може да достигне повеќе од 74 долари за барел оваа година, продажбата на бензин во САД е во пораст, а побарувачката за сите нафтени производи ќе достигне рекордни нивоа во третиот квартал . Цената на американската сурова нафта WTI во понеделникот беше околу 67 долари за барел, според „ОилПрајс“, што претставува пораст на цената од околу 6,5 проценти од минатата недела.

Клучни зборови

  • нафта
  • раст на цена
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk