Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

ЦДХВ со препорака да се користи дистрибутивниот систем на Депозитарот

16 мар. 2020 г.·2 мин читање·144 прегледи

Следете не на Viber

Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 („Службен весник на РСМ“ бр.62/2020), услугите за издавање на акционерски книги и останати извештаи за издавачи, ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ОБЕЗБЕДИТЕ ПРЕКУ ДИСТРИБУТИВНИОТ СИСТЕМ НА ДЕПОЗИТАРОТ.

За користeње на услугите преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот, единствено е потребно Вашата компанија со Депозитарот да склучи Договор за обезбедување на услуги преку Дистрибутивниот систем на Депозитарот за издавачите. Договорот го доставувате до Депозитарот во четири примероци, потпишан од овластеното лице на издавачот, со печат и архивски број. Во прилог кон Договорот, потребно е да доставите и Tековна состојба издадена од Централниот регистар на РСМ.

Подетални информации за постапката на регистрација, вклучувајќи го и преземањето на договорот се достапни на следниот линк: https://portal.cdhv.mk/Login.aspx, во делот “Постапка за регистрирање на издавач”, каде што се наведени линковите за преземање на договорот и корисничкото упатство за издавачи.

За дополнителни прашања во врска со регистрацијата во Дистрибутивниот систем, може да се обратите до Васка Кантурска-Балевска, раководител на Дирекцијата за деловни операции на e-mail адресата: balevskav@cdhv.mk или на телефонскиот број 02/ 3 299 806 и Бојан Московски, вработен во Дирекцијата за деловни операции на e-mail адресата: moskovskib@cdhv.mk или на телефонскиот број 02/ 3 299 800.

За техничка поддршка во врска со користењето на Дистрибутивниот систем, може е да се обратите до вработените во ИТ Директицијата на Депозитарот: Саша Стојановиќ на e-mail адресата: stojanoviks@cdhv.mk и Виолета Тодоровска Јовановиќ на e-mail адресата: todorovskav@cdhv.mk, или на телефонскиот број 02/ 3 299 812.

Клучни зборови

  • Дистрибутивен центар
  • Корона вирус
  • Превентивни мерки
  • ЦДХВ
  • Централен депозитар на хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk